fbpx

Мал пад на цените на горивото

Регулаторната комисија за енергетика, ги намали малопродажните цени на горивото и нафтените деривати

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,42%. Согласно одлуката, новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 денар за литар гориво. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 – 63,00 денари. Малопродажната цена на горивото ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува иста – 65,0 денари за литар. Согласно новата одлука, се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) која во наредните две недели ќе биде изнесува 39,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,421 ден/кг и ќе изнесува 26,287 денари за литар.

РКЕ

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати. Намалувањето е во просек за 0,73%, односно за 0,42% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на горивото и нафтените деривати. Утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 02.10.2017 година.

naftaПросечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесувала 56,018 $/барел. Таа е за 2,78% пониска од просечната цена на суровата нафта (57,619 $/барел) по која се формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-ет дневен период изнесувал 52,4629 ден/$. Односно е за 0,036 % понизок од курсот на доларот (51,5426 ден/$) по кој се формирани новите цените, велат од РКЕ.

 

Поврзани вести

Back to top button