fbpx

Електрифицираниот Vivaro-e доаѓа во 2020 година

Офанзивата за електрификација од Opel продолжува: од 2020 година, Opel Vivaro ќе се нуди и како чистo електрична верзија на батерија

Бранот на електрификацијата го зафати и секторот на лесните комерцијални возила, па така Opel со цел да се приклучи на овој тренд, го електрифицираше својот модел Vivarо. Електричниот Vivaro ќе биде достапен од 2020 година, а клиентите ќе можат да избираат помеѓу две големини на батерија, во зависност од нивните потреби. Новиот Vivaro-e ќе биде достапен со батерија од 50kWh за опсег до 200 километри или батерија од 75kWh до 300 км според WLTP.

„Opel оди на струја. Сите модели на Opel ќе бидат електрифицирани до 2024 година“, изјави Мајкл Лохшелер, извршниот директор на Opel. „Клиентите потоа можат да изберат електрична варијанта од секој модел. Електрифицираните LCV возила ќе бидат особено важни во урбаните области, на пример, како превоз на луѓе или комбе за испорака. Затоа јас сум многу среќен што Vivaro-e веќе ќе стане достапен следната година, додека електрифицираните верзии на Opel Combo Life, Combo Cargo и Zafira Life ќе пристигнат во 2021 година“, додаде тој.

Vivaro-e е засновано врз високо варијабилната EMP2 платформа, која овозможува употреба на конвенционални и електрифицирани погони. Vivaro-e го проширува опсегот Opel на особено ефикасните лесни комерцијални возила, a следниот електричен LCV ќе биде Opel Combo-e кој ќе пристигне во 2021 година.

Opel Vivaro-e

Поврзани вести

Back to top button