Викенд тарифа: Audi RS Q8 го сруши SUV рекордот на Nürburgring
Новиот RS Q8 на Audi штотуку стана најбрзиот производствен SUV кој некогаш стапнал на патеката на Nurburgring
Германскиот супер-SUV забележа зачудувачки 7 минути и 42.253 секунди, со што го победи стариот носител на рекордот, Mercedes-AMG GLC 63 S, за нешто повеќе од 7 секунди. Ова го прави исто толку брз како и Lamborghini Murcielago SuperVeloce и побрз од Nissan GT-R, Mercedes-Benz SLS AMG и Ferrari 599 GTB.
Веб страницата на Nürburgring покрај тоа што ја објави веста, го сподели и скратеното видео од рекордниот круг, снимен од возачката кабина користејќи две камери. Инаку, Audi RS Q8 е погонуван од 4,0 литарскиот твин-турбо V8 мотор, кој исто како и кај RS6 Avant, обезбедува моќност од 592 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Благодарение на ова, SUV моделот до 100 km/h забрзува за 3,8 секудни, пред да достигне максимална брзина од 305 km/h.