fbpx

2021 Kia Optima дебитираше во Кореја

Позната како K5 на домашниот пазар, Kia со новата Optima цели кон освојување на сегментот на седани со средна големина

Пред само неколку дена, Kia објави официјални тизер скици од својот нов седан, кои даваа преглед на спортската силуета на новата генерација на моделот Optima. Сега, тие во целост го покажаа автомобилот, кој дебитираше во Кореја.

Со должина од 4.905 mm и ширина од 1.860 mm, новата Optima сега е за 50 mm подолга и 25 mm поширока споредбено со моделот кој го заменува. Висината е намалена за 20 mm со цел да се добие профил со спортска-купе силуета, додека пак меѓуоскиното растојание е продолжено за 45 mm, односно на 2.850 mm.

Нoвата генерација на Kia Optima усвојува елегантен надворешен стајлинг, спортски карактер и купе силуета. Предниот дел станал поагресивен, со новата решетка со „тигарски нос“ стил, тенки предни светлосни уреди со интегрирани LED дневни светла во форма на гром, кои се протегаат помеѓу браникот и страничниот дел, како и мускулна хауба.

Optima

Агресивните линии на автомобилот се движат по целата негова должина и страните, додека задниот дел добива нов светлосен потпис, каде што редизајнираните светлосни уреди се меѓусебно споени со LED светлосна лента. Задниот дел исто така е целосно изменет, со поспортски карактер кој може да се увиди од дизајнот на задниот браник, кој доаѓа со вграден дифузер и издувни врва.

Изгледот на внатрешноста на новата Optima остана неоткриен, но она што веќе го видовме од официјалните скици е дека огромни промени го зафатиле и ентериерот. Широк дисплеј е поставен во средината на централната табла, веднаш до дигиталниот инструмент панел. Целосно нов дизајн добива и централната конзола, а новитет е и мултифункционалниот управувач.

Новата Kia Optima на својот домашен пазар ќе се појави веќе од следниот месец, а европските и американските верзии треба да изгледаат буквално исто и да се појават веќе од следната година.

Поврзани вести

Back to top button