McLaren Elva – новиот модел во Ultimate серијата на брендот
Тој претставува најлесниот модел на брендот, а како прв кабриолет во серијата располага со 815 КС и чини нешто помалку од 1,5 милиони фунти
По P1, Senna and Speedtail, како проширување на Ultimate серијата, McLaren го откри новиот Elva. Спидстерот со отворен покрив претставува најлесниот модел на McLaren Automotive досега, а истовремено е и првиот кабриолет во серијата.
Основните технички состојки се познати, но онаму каде што Senna беше дизајниран исклучиво за патеката, Speedtail за најголемата брзина, новиот Elva е дизајниран специјално за отворен пат, најверојатно за сончеви денови.
Самото тело на Elva е уникатно, со дизајн кој ја следи моменталната естетика на McLaren, но го носи во нова крајност во отстранувањето на покривот, страничното и ветробранското стакло. За да ја задржи кабината мирна при големи брзини, McLaren дизајнираше систем за девијација на воздухот, наречен Active Air Management System (Активен систем за управување со воздухот).
По кожата на Elva се наоѓа хидрауличните вкрстени амортизери и електро-хидрауличното управување, но бидејќи McLaren го дизајнираше моделот за возење на патишта наместо на патека, очекувајте и ревидиран систем за потпирање. Нови се и 390 милиметарскиот сет на керамичко-карбонски кочни дискови, зафатени со алуминиумски шапи кои се опремени со титаниумски клипови.
Внатрешноста се карактеризира со високо квалитетни материја, каде вклучен е цел спектар на ентериерни обложувања како водоотпорна кожа и синтетички материјали. За оние кои сакаат својот Elva да го направат уште поуникатен, можат да се одлучат за опцијалните опции на McLaren, кои вклучуваат специјални детали по внатрешноста и надворешноста, проширен опсег на внатрешни и надворешни бои, а тука е и целосно карбонското тело. Инфозабавниот систем е речиси ист како и кај другите McLaren модели, а она со што се карактеризира кабината се интересните отвори за воздух, поставени во долниот дел.
Во однос на погонскиот систем, Elva е опремен со истиот 4,0 литарски твин-турбо V8 мотор што може да се најде и кај Senna и Senna GTR. Единицата испорачува моќност од 815 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm, кои обезбедуваат забрзување до 100 km/h за време помало од 3 секунди, односно до 200 km/h за 6,7 секунди. Оваа моќност е испорачана до задните тркала преку седум-степениот автоматски менувач со двојна спојка.
McLaren ќе изгради само 399 единици од новиот Elva, со почетна цена од околу 1,5 милиони фунти.