fbpx

Morris JE, мало електрично комбе на Morris Commercial

Morris Commercial претставува ново електрично издание на малото комбе Morris J-Type произведено во 1950-тите

Легендарното е-комбе наречено Morris JE, ќе понуди опсег од околу 320 километри и ќе чини околу 70.000 евра кога ќе излезе на продажба кон крајот на 2021 година.

Додека го задржува ретро-изгледот, електричното комбе се базира на една сосема нова модуларна платформа која ќе помогне да го претвори Morris Commercial во целосно електричен бренд, почнувајќи со транспортерот.

Новиот Morris JE располага со литиум-јонски батериски пакет со капацитет од 60kWh, кој може до 80 проценти да се наполни за само 30 минути. Првиот производен модел на Morris Commercial од 1960тите, доаѓа со бруто тежина од 2,5 тони и носивост од 1.000 килограми, додека максималната брзина е поставена на 90 km/h.

Morris JE

Шасијата на електричното комбе е изработена од лесни карбонски материјали, со пар врати во задниот дел и лизгачка врата на станичниот дел, кои обезбедуваат лесен пристап. Рамниот под прифаќа две палети и 5,5 кубни метри товарен простор, а Morris тврди дека JE е еден од најлесните LCV (лесни товарни возила) на пазарот.

Главната продажна точка за електричното комбе ќе биде нејговиот ретро стајлинг, изведен од Morris J-Type, достигнувајќи вкупно производство од околу 50.000 единици. Сепак, британците потенцираат дека JE не е ни реплика ни продолжение на оригиналниот J-Type, туку реинтерпретација на уникатниот иконски дизајн. Класикот беше произведен во Велика Британија од 1949 до 1960 година.

Поврзани вести

Back to top button