fbpx

Aston Martin DBX, импозантен SUV кој зрачи со раскош

По неколкумесечното тестирање и развој, долгоочекуваниот DBX дебитираше како прв SUV модел на марката, со 550 КС и 700 Nm

Како прв SUV модел на Aston Martin, DBX е основан на принципите на убавина, луксуз и возна динамика, поттикнат од духот на авантурата. Луксузниот SUV гордо го претставува наследството на Aston Martin DB – иницијалите му припаѓаат на Дејвид Браун, човекот што го дефинираше Aston Martin и чија визија продолжува низ овој автомобил.

Изграден на целосно нова архитектура, DBX е дизајниран во правец да обезбеди премиум чувство за своите патници, раскошен луксуз и да обезбеди воодушевување од моментот кога ќе седнете позади управувачот.

За новиот DBX, уште на прв поглед се забележува дека го носи елегантниот дизајн на компанијата. Во предниот дел, јасно препознатлив како модел на Aston Martin, благодарение на присуството на широката решетка и предните светла со овална форма. Тука е и парот на LED дневни светла, во правоаголна форма со заоблени агли. Прикажаниот автомобил доаѓа во црвена боја, а црната изведба на долниот дел од каросеријата, како дифузерот, праговите и предниот браник, помагаат во истакнување на величината на возилото.

Aston Martin DBX

Движејќи се кон задниот дел, присуството на Aston Martin Vantage е и повеќе од очигледно, со тенки LED светлосни единици, поврзани со светлосна лента долж ширината на задниот дел. Изгледот е надополнет со истакнат спојлер, како и двоен издувен систем, кои го нагласуваат спортскиот карактер на DBX.

Нивото на луксуз дополнително расте со отворање на возачката врата на SUV моделот. Тука очигледен е трудот на дизајнерите да го направат DBX специјално место за секој сопственик. Пред возачот, поставен е мултифункционален управувач обвиткан со кожа и 12,3-инчен дигитален инструмент панел. Веднаш до него, може да го најдете 10,25-инчниот инфозабавен систем со екран на допир, кој поддржува Apple CarPlay како стандард.

Aston Martin DBX

Директно над него, поставени се прекинувачи кои ја имаат улогата на бирачи на работни режими на менувачот, а тука е и прекинувачот за стартување на моторот, додека пак под инфозабавниот систем, поставени се контролите за системот за климатизација. Премиум чувството е комплетирано со панорамски стаклен покрив и врвна кожна изработка и Алкантара по целата внатрешност.

Уште во септември, компанијата ни ја потврди погонската единици, која всушност претставува твин-турбо 4,0 литарски AMG V8, кој испорачува моќност од 550 коњски сили и вртежен момент од 700 Nm и обезбедува забрзување до 100 km/h за 4,5 секунди, до максимална брзина од 291 km/h. Моторот е поврзан со девет-степен автоматски менувач и систем за погон на сите четири тркала со активни диференцијали, вклучувајќи активен централен диференцијал и заден диференцијал со ограничено лизгање, што го менува вртежниот момент помеѓу тркалата.

Aston Martin DBX

Говорејќи за автомобилот, главниот извршен директор Енди Мартин рече: „DBX е автомобил што на многу луѓе ќе им го даде своето прво искуство на сопственици на Aston Martin. Како такво, тоа треба да соодветствува на основните вредности утврдени со нашите спортски автомобили, истовремено обезбедувајќи разновидност на животниот стил што се очекува од луксузен теренец. Да се произведе толку убав, рачно изграден, но и технолошки напреден автомобил е горд момент за компанијата.“

Цените за новиот Aston Martin DBX на германскиот пазар ќе започнуваат од 193.500 евра.

Поврзани вести

Back to top button