fbpx

Mazda 3 избрана за светски автомобил на жената

Јапонскиот компактен хечбек беше избран за светски автомобил на жената за 2019 година на меѓународниот автомобилски саем во Дубаи

Mazda 3 беше изгласана од жири составено од жени од 30 земји во светот, меѓу кои и две жени од Велика Британија. Карактеристики и атрибути кои беа оценувани кај кандидатите беа естетскиот изглед, практичноста, безбедноста, влијанието врз животната средина и вредноста во однос на парите.

Големиот победник беше објавен на Меѓународниот автомобилски саем во Дубаи за 2019 година, во текот на викендот, и покрај златниот медал во категоријата Светски автомобил на годината, беше изгласан и за Светски семеен автомобил на жените на годината. Mazda 3 успеа да ги победи во конкуренција на многу добро воспоставените ривали од горните класи, како што се Audi E-Tron, Tesla Model 3 и BMW Серија 3.

Во категорија на Женски урбан автомобил на годината, Kia XCeed беше прогласен за голем победник, а Kia се заќити и со признанието за Женски „зелен“ автомобил на годината благодарение на Soul EV. Како Луксузен автомобил на годината беше избран BMW Серија 8, за Перформансен автомобил на годината беше прогласен Porsche 911, а како SUV/кросовер на годината беше избран Range Rover Evoque.

Поврзани вести

Back to top button