Lexus го лансираше својот прв електричен модел UX 300e
Lexus го претстави првиот е-модел во својата историја на саемот за автомобили во Гуангжу во Кина, кој всушност е електрична верзија на UX, наречена UX 300e
И покрај тоа што се во првите редови на хибридна технологија, и Lexus и матичната компанија Toyota се оддалечија од батериската електрична технологија. Ова сепак се менува, бидејќи двете компании ја прифатија електрификацијата, заедно со остатокот од индустријата, а UX 300e е првиот чекор во јапонската луксузна „Lexus Electrified“ иницијатива.
Врз основа на субкомпактниот SUV што беше лансиран минатата година, UX 300e е опремен со електричен мотор со 201 коњски сили поставен во предниот дел и литиум-јонска батерија со капацитет од 54,3 kWh, која обезбедува максимален опсег од 400 km според NEDC стандардите. Поставувањето на батерискиот пакет под подот на автомобилот помага во спуштање на центарот на гравитација, што ги подобрува возните карактеристики на SUV моделот заедно со оптимизираниот систем за потпирање.
Освен новите тркала кои се специфични за моделот, електричниот UX 300e не се разликува по ништо друго од конвенционалните верзии на моделот. Lexus сè уште нема откриено никакви бројки, но ветува дека UX 300e ќе биде „брз“, а возачот може да го користи Drive Mode Select за да ги прилагоди перформансите според својата желба. Додека инженерите работеа на звучна изолација, тие исто така додадоа и Активна контрола на звук (ASC), која пренесува амбиентални звуци за да им даде на возачот и патниците природно чувство за условите за возење.
Покрај тоа, со користење на специјална апликација, возачите можат да ја следат состојбата на батеријата и опсегот на возење на нивниот автомобил преку својот паметен телефон. Апликацијата, исто така, овозможува и функција-тајмер за да се прикаже кога возилото ќе биде целосно наполнето, да му овозможи на сопственикот да го закаже своето полнење според своите потреби, а исто така им овозможува далечински да контролираат разни функции како што се контрола на климата, грејачи на седиштата и одмрзнувачи на прозорците.
Новиот Lexus UX 300e ќе излезе на продажба во Кина и Европа во 2020 година.