Toyota автобус со горивни ќелии
Toyota ќе се претстави на салонот во Токио кон крајот на месецот со концепт-автобусот со горивни ќелии - Sora
Во 2018 треба да се појави сериската верзија на автобусот, а за 2020, кога во Токио ќе се одржи Летната Олимпијада, по улиците ќе се сообраќаат над 100 такви изданија.
Sora добива доработена верзија на погонскиот систем на седанот Toyota Mirai, кој се состои од два електромотори со вкупна моќност од 154 коњски сили и електрохемиски генератор каде се добива енергијата од реакцијата на водородот со кислородот. Автобусот има 10 резервоари кои собираат 600 литри водород. Како алтернатива на погонот, се обезбедува електричен систем кој може да се користи како извор на електрична енергија за природни катастрофи.
Концептниот автобус е опремен со автоматско преклопување на седишта, надворешни камери, кои го следат за велосипедисти и пешаците во опасна близина и систем за автоматско запирање на постојки на пат.