Škoda Kamiq GT пристигна во Кина
Škoda објави детали и ни го претстави преку детална галерија својот најнов кросовер, Kamiq GT, наменет исклучиво за кинескиот пазар
Откриен на Саемот за автомобили во Гуангжу, субкомпактниот кросовер е втор купе-SUV модел развиен од компанијата специјално за кинескиот пазар, по Kodiaq GT.
Во однос на основиот Kamiq, Kamiq GT е со непроменета ширина од 1.781 mm и идентично меѓуоскино растојание од 2.610 mm, додека пак должината добива дополнителни 19 mm, за вкупни 4.409 mm. Висината е исто така зголемена за 13 mm, со што Kamiq GT во Кина доаѓа со висина од 1.606 mm.
Во поглед на погонските единици, Škoda го нуди Kamiq GT во две варијанти, и тоа со природно аспирирана 1,5 литарска MPI единица, со моќност од 111 коњски сили и 145 Nm вртежен момент и 1,2 литарски TSI мотор со 115 коњски сили и 200 Nm вртежен момент. Основниот мотор е поврзан со шест-степен автоматски менувач, додека турбо-единицата доаѓа со седумс-тепен менувач со двојна спојка. Двете модели се само со погон на предните тркала.