Bentley го претстави Continental GT посветен на Pikes Peak
Bentley подготви специјална едиција на својот модел Continental GT со цел да потсети на нивниот рекорд кој кон крајот на јуни го поставија на Pikes Peak
Од одделот на Bentley Mulliner пристигнува специјално и ограничено издание на моделот Continental GT посветено на Pikes Peak со кој во британската автомобилска компанија сакаат да го прослават неодамна остварениот рекорд кој го собори возачот Рајс Милен.
Continental GT успеа да ја мине 19.98 километри долгата рута Pikes Peak со 156 кривини за рекордни 10:18.488. Тоа е за 8,4 секунди побрзо од претходниот рекорд за сериски возила поставен во 2015. година. Просечната брзина со која Continental GT ја мина оваа делница беше 112 километри на час.
Специјалното издание на Continental GT е изработено во Radium by Mulliner боја по примерот на автомобилот кој го сруши рекордот. Моделот ќе биде поставен на 22-инчни црни тркала со гуми Pirelli P Zero. Освен тоа, тука се и „aero body kit“ од јаглеродни влакна, сјајно црни детали, зелена шапа за сопирање и Pikes Peak ознаки на предните браници. На купувачите како опција им се нуди и и бројот 100 на предната решетка, во чест на 100-годишнината на компанијата.
Bentley со голем број детали посветени на Pikes Peak
Потсетник на рекордот може да се забележи и во темната кабина која е обложена во комбинација на кожа и Алкантара, седишта зелени контрастни шевови, карбонски детали, Pikes Peak беџови, Pikes Peak лого на потпирачите за глава и B&0 аудио систем. Меѓу поинтересните детали спаѓа и една од 15-те делници на патеката на карбонскиот панел пред совозачот.
Под хаубата се наоѓа 6.0-литарски твин-турбо W12 мотор со 635 КС и 900 Nm, во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Погонот е на сите четири тркала. Забрзувањето до 100 километри на час изнесува 3,6 секунди, а најголемата брзина е 333 километри на час.
На крајот треба да се напомене дека за производството на овој автомобил ќе се грижи одделението Mulliner во фабриката Crewe, каде ќе биде направена ограничена серија од само 15 примероци. Цената на овој модел се уште не е објавена.