Новиот Renault Koleos е веќе во Македонија
Стилски, луксузен, комфорен и опремен со бројни модерни технологии, новиот Koleos отелотворува визијата на француската марка за она што треба да претставува еден вистински SUV
Втората генерација на водечкиот модел SUV на Renault – Koleos официјално веќе е во ценовникот на македонскиот импортер за програмата на францускиот производител-Аутомотив Груп. Разликата со првата генерација на моделот е огромна. Конкретен со доза на префинетост, надворешниот дизајн е изработен врз основа на нова платформа, овозможувајќи поголеми димензии на теренецот.
Renault Koleos
Од своја страна доведува до значително внатрешен простор – патници на задните седишта имаат на располагање 289 mm за нозете. Како екстериерот, така и ентериерот е оформен со вкус и ненаметлив луксуз. Каде доминираат во целост најсовремените технологии на францускиот гигант секако во микс со својот партнер во Алијансата – Nissan.
Возачот има добар поглед на патот пред себе, особено во услови на минување низ терени надвор од асфалтот. Седиштето е поставена повисоко – 150 mm во однос стандарднo за автомобилите. Чувството е на ниво, а возилото самоуверено ги совладува сите препреки. Па ако сакате и потешкотии, што е една од неговите основни функции, бидејќи има одлично балансирана суспензија. За оваа цел се преземени многу елементи од „јапонскиот брат“ на Koleos, навистина бескомпромисниот теренец на Nissan, моделот X-Trail.
-На македонскиот пазар новиот Renault Koleos доаѓа со дизел моторi Energy dCi со две нивоа на моќност, од 130 и 175 КС. Менувачот кон погонски агрегат е оптимизиран континуирано преку автоматска трансмисија X-Tronic, која може да се нарача за моделите со пренос само на предните, а по желба на возачот и сите четири тркала. Возачот исто така има можност да избере 7-степен секвенцијален режим, ако сака да ја искористи моторната сопирачка. Системот 4х4 е многу лесен за употреба, преку контролер, кој се наоѓа на левата страна на воланот. Овозможува избор на три режими: 2WD, 4WD Auto или 4WD Lock. Цената на основниот модел кај нас изнесува 30.000 евра. Истакна на средбата со новинарите по повод претставувањето на новината на македонскиот пазар, одговорниот за продажба во Аутомотив Груп, Мики Ружиновски.