Škoda ја избра Индија пред САД
По дискусијата која траеше неколку години за тоа дали Škoda ќе се најде на американскиот пазар, Чесите на крајот ќе тргнат во сосема поинаква насока - Индија
Škoda ќе биде на чело на инвазијата на VAG во Индија и тоа беше речиси сигурно штом стана јасно дека заедничкиот проект на Volksvagen и Tata ќе пропадне.
– Ќе ни треба повеќе време за да поработиме на нашите планови за САД, изјави извршниот директор на Škoda, Бернхард Мејер, за магазинот Autocar. – VAG сака да го води развојот на нова платформа која е наменета за Индија и ние треба да изградиме предвидлив и профитабилен бизнис таму. Немаме време да размислуваме и анализираме повторно за САД.
Во моментов, специјалисти од Škoda ја истражуваат можноста за користење на MQB A0 платформата за буџетски модел, досега употребена во новите SEAT Ibiza и VW Polo. Другата опција за Чесите е да започнат развој на сосема нова архитектура, но ова значи дека VAG ќе мора да инвестира повеќе во Индија за да изгради сериозна инфраструктура за производство на автомобили.
До 2020 година, се претпосатвува дека Индија ќе стане третиот по големина автомобилски пазар во светот, а потоа ќе се примене кон нови барања за безбедност и емисија на гасови на локалниот пазар, со што работата на Škoda ќе биде уште потешка.