fbpx

Ново лице за Jeep Cherokee

Петтата генерација на Jeep Cherokee што се појави во 2013 година, најблаго речено ги раздели на два дела фановите на брендот, а освен тоа, моделот се раздели со концептот на вистински теренец и премина во таборот на кросовери

Радикалната промена на филозофијата на Cherokee не се покажа како добро решение – минатата година продажбата на американскиот пазар едвај надмина 200.000 примероци, што е скромно достигнување, со оглед на тоа што Honda CR-V и Toyota RAV4 постигнаа над 350.000 продажби.

Jeep Cherokee 2018

Jeep Cherokee 2018

Сега дојде ред за дотерување на иконата и FCA одлучи дека дизајнот на „поглавицата“ треба да се смени. Шпионски фотографии на прототипи, кои учествуваат во испитувањаат и тестовите покажуваат дека дизајнерите се вратиле кон конзервативното емитување, а изгледот на фаровите се приближува до оние на Grand Cherokee и компактниот Compass.

Jeep Cherokee 2018

Се очекува во гамата на обновениот Cherokee да се појави новиот 2,0-литарски турбо мотор од фамилијата Tigershark. Во Европа моделот се нуди главно со турбодизели, кои доаѓаат од FIAT со зафатнина од 2,0 и 2,2 литри, а моќноста им варира од 140 до 200 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button