Во САД воведоа нов елемент во краш тестовите
Американскиот осигурителен институт за безбедност на патиштата (IIHS) ја дополни програмата од краш тестовите со ново искушение
Отсега безбедноста на автомобилите ќе биде оценувана со челен удар со малку покриеност од совозачката страна до возачот.
Тестот ќе се врши по истите правила кои се применуваат и при фронтални судири од страната на возачот. Брзината за време на ударот ќе биде 64 km/h, а пречката ќе покрива 25% од ширината на каросеријата.Новата постапка за оценување се воведува откако специјалисти по сообраќајна безбедност ги критикуваа недоволните напорите на производителите за подобрување на безбедноста на десниот дел од каросеријата.
Од IIHS веќе ги тестирале по овој метод: Ford Fusion, Honda Accord, Lincoln MKZ, Subaru Legacy, Subaru Outbak. Исто така Hyundai Sonata, Mazda6, Nissan Altima, Toyota Camry, Volkswagen Jetta, Volkswagen Passat и Chevrolet Malibu беа тестирани.