fbpx

Новата Оpel Insignia за 2022 ќе добие форма на кросовер

Opel неодамна направи благ редизајн на Insignia за моделската година 2020, додека Insignia за 2022 ќе мине низ порадикални промени

Opel Insignia бележи драстичен пад на продажбата поради популарноста на SUV моделите, па поради тоа во германската компанија решението за спас го гледаат токму во тој сегмент, со целосно нов изглед на Insignia за 2022. година.

Поточно, според пишувањата на британскиот магазин Auto Express, новата Insignia за 2022 година со цел за подобрување на продажбата ќе добие форма на кросовер. Британците наведуваат дека новата Insignia ќе се стационира некаде помеѓу SUV и MPV возило, но тоа автоматски не значи дека ќе има седум седишта. Во секој случај, тоа најверојатно ќе биде караванска верзија, наместо досегашната Insignia Grand Sport и се очекува повисок модел со голем ентериер.

Со оглед на тоа дека Opel/Vauxhall е дел од PSA групацијата, новата Insignia исто така ќе ја добие и нивната EMP2 платформа, што значи и нови и ефикасни мотори. Новата Insignia ќе се одликува и со помала тежина и потрошувачка како и најновиот инфозабавен систем и системи за асистенција на возачот.

На EMP2 платформата се произведуваат Peugeot 308 до 5008, како и Citroen C5 Aircross SUV и премиум DS 7 Crossback, а истата платформа веќе ја користи еден Opel – Grandland X SUV.

Што се однесува до должината, новата Insignia по се изгледа ќе биде подолга од братскиот Peugeot 508 , од кого би требало да има и подолго меѓуосовинско растојание.

Покрај бензинските и дизел мотори, меѓу останатото 1,6-литарски PureTech и 1,5-литарски дизел мотор, во понудата ќе се најде и барем една plug-in хибридна верзија. Дебито на новата генерација се очекува во 2022. година, најрано.

Поврзани вести

Back to top button