fbpx

Porsche се прости со генерацијата 991 со последниот 911 Speedster

Иако новата, 992 генерација на Porsche 911 дебитираше уште пред една година, во меѓувреме и понатаму се произведуваа некои верзии на претходната генерација

Сега на тоа му дојде крајот, откако од производната лента се симна и последниот 911 модел со фабричката ознака 991. Станува збор за атрактивниот Porsche 911 Speedster.

991 e највнимателно планираната генерација на Porsche 911. Мораше да биде сето она што од него се очекува – традиционален, препознатлив, практичен, малку досаден, но мораше да биде и технолошки најнапреден и она најтешкото – најпродаван во историјата. И успеа да ги исполни сите очекувања.

Speedster 911 од генерацијата 991 беше претставен кон крајот на годината, а беа направени само 1.948 возича, во чест на првиот продукциски модел на компанијата – Porsche 346, од 1948. година. Speedster се напојува со 4,0-литарски шестцилиндричен боксер мотор, кој развива 508 КС, а чија сила се пренесува на 20-инчни тркала преку шестепен мануелен менувач.

Генерацијата 991 на Porsche се смета за најуспешна во историјата на 911. Германскиот производител во рамките на оваа генерација го исфрли досега најголемиот број на специјални верзии, од GT2 и GT3 RS, па преку 911 R и Turbo S од ексклузивната серија, па се до споменатиот Speedster.

991 е најуспешната генерација во историјата на Porsche

Генерацијата 991 е и најпродаваниот 911 модел на сите времиња, со оглед на тоа дека на купувачите им се испорачани 233.540 возила од лансирањето на пазарот во 2011. година. Приказната за 991 започна во споменатата 2011 година, со голем знак прашалник околу иднината. Иако веќе одамна не ја носи продажбата на своите плеќи, Porsche со 991 се обиде да направи голем чекор со воведувањето на иновации со почитување на традицијата. Дури 90 проценти од деловите беа целосно нови, а во план беа и најголем број на варијации и верзии од било кога историјата.

Во периодот додека се произведуваше (2011-2019) одбележани се и некои значајни јубилеи, како 50. роденден на Porsche 911 (2013) или 70. роденден на компанијата Porsche (2017). Исто така, милионитиот модел на 911 и припаѓа на генерацијата 991.

Освен тоа, Porsche 911 GT2 RS стана најмоќниот „цивилен“ 911 во историјата на овој легендарен модел.

Поврзани вести

Back to top button