fbpx

Ferrari со нови детали и фотографии за новата Roma

Ferrari објави нови детали и промотивни фотографии за својот најнов GT модел, Roma, кој своето деби го забележа во ноември

Новиот Ferrari Roma претставува одлика на главниот град на Италија и неговиот забрзан и динамичен темперамент, а обликуван е под влијание на моделите од половината на 20. век, како што се 250 GT Berlinetta Lusso и 250 GT 2+2.

Roma се напојува со 3,9-литарскиот twin-турбо V8 мотор на Ferrari со 620 КС, достапни при 7.500 вртежи во минута и 760 Nm максимален вртежен момент. Силата на тркалата се пренесува преку 8-степен автоматизиран менувач со двојна спојка, па автомобилот тежок 1.472 килограми забрзува од место до „стотка“ за 3,4 секунди.

Брзината од 200 километри на час ја достигнува по 9,3 секунди, а максималната брзина на Ferrari Roma изнесува 320 километри на час.

Ferrari Roma

Roma е опремена со активен заден спојлер кој ја менува својата положба зависно од брзината и ја зголемува својата моќ на одредување на силата за 95 килограми, при брзина од 250 километри на час, во однос на Ferrari Portofino.

Погледот во патничката кабина открива интересни детали, како што е издигната конзола која ги раздвојува возачот и совозачот. И додека возачот пред себе има голема дигитална инструмент табла, на средната конзола се наоѓа екран со мултимедијален систем со големина од 8,4 инчи, а пред совозачот уште еден, оцпионен екран од 8,8 инчи, наменет само за него.

Со тоа, совозачот може самостојно да ги следи информациите за перформансите на автомобилот, но и да го подесува аудио-системот или навигацијата.

Ferrari и понатаму ги крие официјалните податоци за цената на Roma, но објави дека купувачите на овој автомобил ќе добијат гаранција од 7 години.

Поврзани вести

Back to top button