fbpx

Електричната верзија на Kia Seltos пристигнува идната година

Kia Motors планира следната година да ја понуди и електричната варијанта на својот нов кросовер Seltos

Kia започна со работа на целосно електричниот Seltos EV кој треба да пристигне следната година. Seltos EV ќе се приклучи на конвенционалните дизел и бензински модели на Kia Seltos.

Seltos EV ќе задржи најголем дел од силуетата на регуларниот кросовер, но се очекува да добие и голем број на дизајнерски промени. Тука е вклучена и предницата, почистиот дизајн за предниот браник, како и заден браник кој ќе ја истакнува електричната природа на овој кросовер.

Kia Seltos

Kia Seltos нема да добие многу промени во ентериерот, освен тоа што недостатокот на рачката на менувачот ќе ослободи повеќе простор во средишната конзола. Менувачот ќе биде заменет со ротирачки механизам за префрлување на режимите на возење и да се променат останатите механички поставки. Се очекува овој модел да биде опремен како и регуларниот модел и да добие 10,25-инчен инфозабавен систем со UVO конекција, целосно дигитална инструмент табла, панорамски подвижен покрив, систем за контрола на климатизацијата, прочистувач на воздух и така натаму…

Како и да е, ова значи дека јужнокорејскиот производител на автомобили во својата гама по моделите Soul EV и Niro EV, ќе добие и трет електричен кросовер.

Почетокот на производството на Seltos EV е планиран за август идната година, но на почетокот овој новитет ќе биде достапен само во Јужна Кореја. Поради тоа, во 2020. година ќе бидат произведени помалку од 10.000 примероци. Се очекува набрзо потоа да го освојува азискиот пазар со пласманот и во Индија, додека се уште не е познато кога би можел да се појави во Европа.

Seltos EV се води под кодното име SP2 EV и како што стојат работите во моментов, ќе има електромотор со 150 kW односно 204 КС, батерии од 64 kWh и автономија од околу 400 километри.

Поврзани вести

Back to top button