fbpx

Вуле Димушевски во стабилна здравствена состојба

По вчерашното неславно завршување на трката која ја чекавме седум години, сепак е добро што Вуле Димушевски е стабилен

Се течеше во најдобар ред, беспрекорно и славенички, бидејќи конечно по седум години трка во Скопје, сè до оној осми круг во рамките на четвртата дивизија кога откажа возилото на Урош Бркиќ и удри во човекот кој стори сè скопјани повторно да го почуствуваат мирисот на октаните-популарниот Вуле Димушевски !

Настрада еден од водечките луѓе во организациониот одбор, еден од нашите прекалени асови од kruzni-trki-skopje-2017-vule патеките, Александар Димушевски, кој постојано беше непосредно покрај патеката за да контролира што се случува на неа, но и надвор од истата. Хондата на младиот Урош Бркиќ излета токму кога се беше подготвено за да се прослави прекрасниот викенд, да се залие со шампањско за стореното, но ова е дел од вакви збиднувања, се случува и добро е што се мина без последици. Според подледните вести Димушевски кои беше итно пренесен во ургентниот центар на Градската болница „8-ми Септември“ има неколку скршеници, но неговата состојба е стабилна. Урош Бркиќ исто минал со неколку повреди, но без поголеми последици, а исто и неговиот брат Милош кој стоел заедно со Вуле.

До моментот на инцидентот беа комплетирани трките во останатите три дивизии, што значи дека таму беа одредени и најдобрите, односно победниците. Во првата дивизија, во која возеа учесниците во првата класа, победи Филип Василевски кој искористи што Ѓорѓи Наков прерано ја заврши трката, иако имаше најбрз круг и најдобро време во квалификациите. Зад Василевски се пласираа неговите тимски колеги од АКК Никола Карев, Филип Џуклески и Никола Попевски.

Во втората дивизија настапија возачите од четвртата класа, а победата ја однесе Алекса Радојковиќ кој зад себе ги остави македонските автомобилисти Југослав Милошевски и Васил Тодоров. Влатко Симоновски кој беше најбрз во квалификациите, исто така не не ја заврши трката. Третата дивизија беше комбинација на втората и петтата класа, а победите ги однесоа Албен Бериша од Косово во конкуренција на вкупно четири возачи, односно Давид Малинковски во петтата класа.

Поврзани вести

Back to top button