Скопје круг 2017

По долгогодишната пауза, повторно кружна трка на традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија, на булеварот „Гоце Делчев" и ул. „Беласица", пред влезот во Скопски саем

По долгогодишната пауза, повторно кружна трка на традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија, на булеварот „Гоце Делчев” и ул. „Беласица”, пред влезот во Скопски саем. Меѓуклупско натпреварување во организација на АКК Примо АВЈ со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.

 

kruzna trka skopje 2017

Скопје круг 2017 ќе биде можност по седум години граѓаните на македонската метропола да видат повторно автомобилски возбудувања, да го почуствуваат мирисот на октаните, да ги заскокотка адреналинот. Несогласувањата на релација федерација-клубови продолжува, но вакви клупски натпреварувања со цел популаризација на спортот се дозволени, па конежно круг во Скопје! Трката ќе има и меѓународен карактер, освен домашни, ќе настапат и странски возачи, од Србија, Бугарија и од Косово, а има најава и за учесници од Грција. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри. Тренинзите се на програмата денес, а главната трка е утре, а стартот е од 12 часот.

Кружна трка Скопје 2017

-Конечно, по долга пауза повторно ќе имаме кружна трка во Скопје. Преку 25 натпреварувачи од Македонија и уште толку од соседните земји в недела ќе се појават на познатата патека и љубителите на автомобилизмот ќе имаат можност да видат уште една убава манифестација. Да се надеваме дека од оваа трка ќе почнат да се средуваат некои работи во македонскиот автомобилизам затоа што натпреварувачи од 9 клуба ќе имаат свои тркачи во Скопје. Очекуваме голем интерес од гледачите, на кои сакам да им порачам да ги почитуваат пропишаните безбедносни правила крај патеката, истакна на прес-конференцијата, претседателот на АКК Примо, Александар Димушевски.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close