Татко и син направија 3D реплика на Aventador, Lamborhini ги награди за Божиќ
Луѓето во италијанската компанија во принцип не се благонаклонети кон луѓето кои прават копии на Lamborghini, но овојпат направија исклучок
Татко и син од Колорадо, САД, станаа хит на Интернет кога претходно годинава направија реплика на Lamborghini Aventador SV со помош на 3Д печатач. Стерлинг Бакус и неговиот 12-годишен син Ксандер работеа на копијата на суперспортскиот автомобил речиси две години во својата семејна гаража.
Нивниот Lamborghini не само што изгледа како оригиналот, туку може и да се вози, со оглед на тоа дека вградија 5,7-литарски мотор од постар модел на Chevrolet Corvette, со додаток турбо-полнач за подобри перформанси на овој агрегат.
Страста кои тие ја покажаа кон Aventador, не мина незабележано ни во компанијата Lamborghini. Иако во принцип не гледаат со задоволство на слични потфати, во италијанската компанија овојпат направија исклучок и одлучија да ги наградат напорите на Стерлинг и Ксандер со ексклузивен Божиќен подарок.
Неколку дена во пресрет на Божиќ, ги изненадија со вистински Aventador S Roadster кој пристигна во нивната гаража. Таткото и синот ќе можат да уживаат во него во следните две недели, а Lamborghini целата приказна ја „спакува“ во пригодно Божиќно видео.