fbpx

Турција ги претстави своите први автомобили TOGG

Турската компанија Joint Venture Group Inc, односно TOGG, ги претстави првите домашни автомобили во SUV и седан варијанта

Кросоверот на производителот TOGG доаѓа под ознаката C-SUV, а честа прв да го вози ја имаше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во околината на Истанбул.

C-SUV е дизајниран од славното италијанско студио Pininfarina, а автомобилот своето официјално деби ќе го има во 2022. година.

Турскиот кросовер има целосно електричен погон, а ќе биде во понуда во две конфигурации, со 200 и со 400 КС. На посилната верзија за забрзување до 100 километри на час ќе и бидат потребни 4,8 секунди, а автономијата меѓу двете полнења ќе биде до 500 километри. На послабата верзија ќе и бидат потребни 7,6 секунди за да забрза од 0 до „стотка“.

Основното батериско пакување би требало да овозможи автономија од 500 километри и полнење до 80 проценти од капацитетот на литиум-јонската батерија за 30 минути. Турскиот производител на автомобили TOGG ќе дава осумгодишна гаранција на батериското пакување.

Турција инвестираше 3,7 милијарди долари во проектот кој опфаќа производство на пет модели во 175.000 единици годишно. Се очекува овој проект да и донесе на турската економија дури 50.000.000 долари за 15 години од моментот на лансирање на SUV моделот на пазарот во 2022. година.

Поврзани вести

Back to top button