Новото такси на Toyota за Јапонија на гас
Toyota ја продолжува речиси вековната традиција да обезбедува голем дел од такси автомобилите за Јапонија
Новината се вика Toyota JPN Taxi, а моделот нуди ретро дизајн, комбиниран со доста пространа внатрешност и 1.5-литарски бензински мотор кој работи и на течен природен гас.
Кабината е со доста висок покрив и на тој начин се постигнува значително подобар простор за патниците на вториот ред седишта. Командната табла е прилично едноставна, но ги има сите потребни функции за мирен работен ден зад управувачот. Погонот доаѓа од 1.5-литарски бензински мотор, кој работи и на гас. А Јапонците ветуваат потрошувачка од околу 5 литри на 100 километри, според јапонскиот циклус на мерење.
Toyota JPN Taxi
Toyota планира да продава по околу 1.000 автомобили месечно од новото такси. Специјално за Олимписките игри во 2020 година ќе биде пуштена и посебна серија. Со возилата од оваа серија ќе се опслужуваат само гостите на спортските настани.
JPN Taxi ќе биде претставен пред публика во следната недела за време на саемот во Токио. На саемот во Токио, Toyota ќе покаже уште неколку свои возилa.