fbpx

Lamborghini Huracan EVO RWD e првата премиера за 2020

Lamborghini ги израдува своите фанови во првите денови од 2020. година со унапредената верзија на моделот Huracan со погон на задните тркала

Првата автомобилска премиера во оваа година ја има италијанскиот производител на суперспортски модели. Lamborghini од пролет ќе започне со продажба на Huracane EVO и во верзија со погон само на задни тркала. Откако кон почетокот на 2019. година го претстави рестилизираниот Lamborghini Huracan EVO RWD со погон на сите четири тркала, една година подоцна пристигнува редизајнираната верзија со заден погон.

Автомобилот е дискретно освежен однадвор и одвнатре, а од моделите со погон на сите четири тркала се разликува пред се според поинаквите насочувачи на воздух на предниот браник.

Lamborghini Huracan EVO RWD се напојува со централно поставениот атмосферски 5,2-литарски V10 мотор, кој има нешто помалку коњски сили во однос на Huracan EVO AWD. На задните тркала се испорачуваат 610 КС и 560 Nm максимален вртежен момент. Најголемата сила достапна е при 8.000 вртежи во минута додека максималниот вртежен момент на располагање од 6.500 вртежи во минута. За споредба, моторот со истата зафатнина во AWD моделите произведува 640 КС и 600 Nm.

За пренос на силата се користи 7-степен атвоматски менувач со двојна спојка и „launch control“ функција. Huracan EVO RWD е полесен од моделот со погон на сите четири тркала за 33 килограми, па масата на празен автомобил изнесува 1.389 kg.

Кога станува збор за пеформансите, тука овој автомобил заостанува зад AWD верзијата, со оглед на тоа дека за забрзување од 0 до „стотка“ му требаат 3,3 секунди, а до 200 километри на час стигнува за 9,3 секунди. Максималната брзина е идентична како кај Huracan со погон на сите четири тркала и изнесува 325 километри на час. Почетната цена на Lamborghini Huracan EVO RWD изнесува точно 208.571 долари.

Поврзани вести

Back to top button