fbpx

Opel ја претстави освежената Insignia GSi

Opel најпрво кон почетокот на декември објави слики од стандардните верзии на обновената Insignia, а сега пред нас е и освежената Insignia GSi

Комплетната гама на обновената Insignia, вклучително и овој GSi, премиерата ја имаше на саемот за автомобили во Брисел кој се одржува од 10 до 19 јануари. Како и кај обичните верзии на Insignia, така и GSi варијантата мина низ помало визуелно дотерување.

Визуелните промени се мошне суптилни, а најголемиот новитет кој пристигна со оваа блага рестилизација е внесување на нов агрегат во понудата. Insignia GSi се напојува од 2,0-литарски турбо бензински мотор кој располага со 230 КС и 350 Nm, а силата се пренесува на двете осовини преку девет-степен автоматски менувач.

Insignia GSi

Opel во прв план го истакнува воведувањето на eBoost технологијата која всушност е основниот елемент за brake by wire системот. Кога станува збор за надворешниот изглед, Insignia GSi мина низ мала рестилизација. Ова првенствено се однесува на предниот дел каде се приметува пошироката маска со хромирана рамка, променетиот браник како и адаптивни IntelliLux LED светла.

За внатрешноста се предвидени ново бежично полнење за паметни телефони, како и унапредена графика на навигацискиот систем, а GSi на сето тоа додава и спортски седишта со GSi лого, кожен волан со рамен долен дел и спортски педали.

Insignia GSi

Тука се и системот Forward Collision Alert со автоматско кочење и препознавање на пешаци, па одржување на возилото во коловозната лента, систем за надгледување на мртвиот агол, адаптивен темпомат, препознавање на сообраќајните знаци, систем за помош при паркирање, head-up екран. Insignia GSi се одликува и со поатрактивен aero body kit, поголеми алуминиумски тркала, адаптивно FlexRide потпирање, Brembo кочници, погон на сите четири тркала.

Стандардните верзии на обновената Insignia инаку во понудата имаат 1,4 и 2,0-литарски турбо бензинци со 145 КС односно 200 КС, како и 1,5-литарски дизел агрегат со 122 КС.

 

Поврзани вести

Back to top button