fbpx

Детали за перформансите на новите верзии Golf

Откриени се нови детали околу перформансите на моделите на Volkswagen Golf GTI, TCR, R кои на пазарот ќе се појават во 2020 година

Британскиот магазин Car пренесува дека Golf GTI ќе се напојува со 2,0-литарски четирицилиндричен мотор со благ хибриден систем од 48 V кој ќе развива 232 КС. Купувачите ќе можат да бираат меѓу 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач.

Оние кои посакуваат нешто подобри перформанси ќе можат да купат GTI TCR исто така со 2,0-литарски четирицилиндричен мотор и благ хибриден систем, но оваа верзија ќе испорачува 286 КС и ќе има диференцијал со ограничено пролизгување, поголеми кочници и бандажи, а ќе биде и дополнително спуштен.

Golf R ќе биде на врвот на понудата, а неговиот 2,0-литарски четирицилиндричен мотор со турбополнач ќе понуди 328 КС и 400 Nm вртежен момент. Ќе биде во комбинација исклучиво со седумстепен автоматски менувач, а силата ќе се пренесува на сите четири тркала.

Според шпекулациите, GTI и дизелскиот GTD ќе дебитираат во март 2020. година, а TCR и Golf R во септември.

Поврзани вести

Back to top button