Токио 2017: Mitsubishi со e-EVOLUTION concept
Со премиерата на e-EVOLUTION concept на меѓународниот саем во Токио, MITSUBISHI демонстрира технички прототип на идниот развој на брендот, односно електричен кросовер
Целосно електричното Mitsubishi e-EVOLUTION concept се одликува со футуристички дизајн, а системот за погон на четири тркала ветува динамично претставување како на стандардни патишта, така и во офроуд услови. Внатрешноста е не помалку импресивна, со голема надолжна конзола. Строго засечен во горниот дел мултифункционален волан и доминантен на целата предна табла – информативен екран.
Mitsubishi e-Evolution concept
Mitsubishi e-EVOLUTION concept е опремен и со вештачка интелигенција. Која врз основа на податоците за сообраќај, позиционирањето на возилото и реакцијата на возачот е во можност да му помогне при управување. Како и да наметне начин за стилот на управување на возачот.