fbpx

Audi објави први официјални фотографии од S3 Sportback

Иако се уште не е објавен изгледот на стандардната верзија на Audi A3, германската компанија реши да го прикаже благо камуфлираниот Audi S3

Откако VW Golf 8 и Škoda Octavia 4 дебитираа кон крајот на минатата година, проследено со новиот Seat Leon кон крајот на јануари, се наближува времето кога VW групацијата ќе го претстави својот адут во компактната класа.

Официјалното деби на Audi A3 ќе се случи на Саемот во Женева, но за среќа не мораме да чекаме до тогаш за да се дознае нешто повеќе за перформансната верзија на моделот – S3. Иако Audi официјално не го претстави новиот S3 Sportback, сепак имаме можност да ги погледнеме и првите официјални фотографии кои ги објави германската компанија на промоцијата на својот претпродукциски прототип на Азорските острови.

Од Audi соопштуваат дека новиот S3 Sportback ќе користи 2,0-литарски турбо четирицилиндричен агрегат, кој ќе биде во можност да развие 306 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, што значи дека новата генерација на овој хот хеч ќе биде нешто посилна од актуелното издание.

Секако, новиот Audi S3 ќе има погон на сите четири тркала, додека силата ќе се пренесува исклучиво преку седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Германскиот бренд соопшти дека Bridgestone ќе обезбеди специјални гуми за овој модел кои ќе бидат поставени на 19-инчните тркала. Прогресивното управување исто така е во менито, а овојпат е понагласено од било кога и ќе може да се избира меѓу три режими – Balanced, Dynamic и Comfort.

Од Audi ветуваат дека новиот S3 ќе биде „најдинамичниот модел во сегментот“. Германците соопштија дека направиле голем исчекор кога станува збор за системот на потпирање кој ќе обезбеди фантастична динамика на возење. Како главни ривали на Audi S3 се посочуваат Mercedes-AMG A35 и BMW M135i.

Поврзани вести

Back to top button