Откриен изгледот на електричниот концептен пикап Nikola Badger
Компанијата Nikola официјално го претстави изгледот на концептниот пикап Nikola Badger во пресрет на официјалната премиера која ќе се одржи во септември
Напливот на електрични пикапи продолжува, откако компанијата Nikola го најави својот нов модел Badger. Планиран да биде претставен на Nikola World 2020 во септември, Badger е агресивно стилизиран пикап кој се одликува со засилен преден браниксо интегрирани LED светлосни групи. Моделот има и уникатна решетка и дневно светло кои потсетуваат на оние кај GMC Sierra.
Движејќи се кон зданата страна, можат да се забележи дека дизајнерите додадоа и закривена линија на каросеријата, осветлени рачки на вратите и аголни акценти на задните врати. Останати детали кои се издвојуваат се осветлените странични прагови, контрастен горен дел и карактеристична задна врата со големо лого на компанијата Nikola.
Кога станува збор за димензиите, моделот ќе биде 5.900 mm долг, 2.160 mm широк и 1.850 mm висок и ќе има место за пет патници. Во внатрешноста, возачите ќе имаат можност да се најдат зад карактеристичен управувач зад кој ќе се наоѓа дигитална инструмент табла. Масивниот инфозабавен систем се наоѓа од десната страна и е поставен над минималистичкиот централен дел.
Официјалната премиера е закажана за септември
Инаку, електричниот пикап Nikola Badger засега официјално е концепт, но сериската верзија е веќе во план. Резервациите ќе започнат да се примаат подоцна оваа година, веројатно по промоцијата за пошироката јавност која ќе се одржи во септември.
Nikola Badger ќе се нуди во целосно електрична верзија со автономика од 483 километри, како и во варијанта со водородни горивни ќелии со автономија до 960 километри. Исто така се наведува дека ќе располага со максимални 906 КС и 1.327 Nm максимален вртежен момент, како и литиум-јонски батерии од 160 kWh. Забрзувањето од нула до 60 милји на час (96 километри на час) ќе трае 2,9 секунди.
Nikola Badger ќе се произведува во соработка со неименувана компанија и ќе ги користи нивните „овластени делови и производствени капацитети. Засега нема информации за цената и за тоа кога ќе пристигне автомобилот.