fbpx

Alfa Romeo со ново лого во чест на 110-тиот роденден

Alfa Romeo на 24 јуни годинава ќе прослави 110 години постоење, а за таа цел италијанската компанија креираше ново лого

Италијанскиот бренд Alfa Romeo годинава ќе одбележи голем јубилеј со своето 110-годишно постоење. Со цел да се прослави целиот настан, во италијанската компанија креираа ново лого кое ќе се наоѓа на автомобилите и за да се поддржат големиот број иницијативи на брендот за време на манифестациите планирани за оваа година.

Во чест на 110-годишнината, Centro Stile Alfa Romeo направи посебно лого кое ја содржи силата на брендот и, како што велат, единствената способност да ја спојат технологијата, уживањето во возењето и убавината. Првите две бројки, „единиците“, се претставени во перспектива која му дава на бројот изглед на преоѓање од минатото во сегашноста, со што се достигнува врвот со бројката „0“. Најкарактеристичниот и најпрепознатливиот елемент на логото на Alfa Romeo може да се забележи во бројката „0“, а тоа е Biscone или големата змија. Датумот на основањето и актуелната година 1910-2020, го комплетираат долниот дел од кругот.

Alfa Romeo ќе организира низа настани по повод својот роденден

Централната прослава ќе се случи на 24. јуни во музејот Il Museo Storico Alfa Romeo кој ќе ги пречека клубовите и пријателите на овој бренд. Престижниот простор за најзначителните креации на брендот претставува мост меѓу ерите и генерациите. Љубителите на брендот ќе имаат мноштво шанси околу тој датум да го прослават и јубилејниот роденден на брендот и да ја доживеат славната историја која постојано е насочена кон иднината.

Alfa Romео својот јубилеј ќе го одбележи и на традиционалните автомобилски манифестации како што е трката „Илјада милји“ (Mille Miglia). На „најубавата трка на светот“ ќе можат се видат моделите како 6C 1500 SS од 1928 година, 6C 1750 Zagato од 1929 година и 6C 1750 SS Young од 1929, која од 13-16 мај ќе се одржи на патеката Бреша-Рим-Бреша.

Alfa Romeo ќе се појави и на манифестацијата Goodwood во Англија, каде од 9 до 12 јули ќе се одржи реномираниот фестивал на брзината, омилен меѓу фановите на автомобилите ширум светот. Alfa Romeo ќе биде почесен гостин и ќе добие признание за својата годишнина.

Поврзани вести

Back to top button