VW со тизер ја најави премиерата на Golf GTD во Женева
Компанијата Volkswagen официјално потврди дека GTD верзијата на осмата генерација на моделот Golf ќе биде претставена во март на Саемот во Женева
Volkswagen објави тизер цртеж на кој се наоѓа предниот дел од силниот дизелски хечбек Golf GTD кој очекувано е мошне сличен на стандардниот Golf, но сепак ќе има нешто поинаку дизајнирана долна решетка на ладилникот како и plug-in хибридниот GTE.
Во соопштението за јавноста, Volkswagen наведува дека новата дизелска верзија на најпопуларниот модел на компанијата ќе го користи најчистиот, најефикасниот и најмноќниот дизел агрегат кој некогаш е вграден во овој германски хечбек
Во соопштението за јавноста, Volkswagen наведува дека новиот Golf GTD ќе го користи најчистиот, најефикасниот и најмноќниот дизел агрегат кој некогаш е вграден во Golf. Од германската компанија особено ја истакнуваат помалата емисија на азотни оксиди, кои би требало да бидат помали за дури 80 проценти отколку кај претходниот модел на Golf GTD. Овој 2,0-литарски дизел мотор кој ќе има блага хибридна технологија, ќе има подобри перформанси, намалена емисија на гасови и помала потрошувачка во однос на претходниот GTD, кој развиваше 181 КС.
Според некои шпекулации, овој нов Golf GTD ќе развива 197 КС, како и дека се очекуваат уште посилни верзии на Golf во текот на оваа година. Покрај GTD, во Женева ќе се појави и GTI, нешто подоцна пристигнуваат GTI TCR и најсилниот R. GTI ќе има 245 КС исто како и GTE, додека TCR верзијата ќе развива 300 КС. Се очекува дека Golf R ќе понуди 329 КС.
Останува мистерија што ќе биде кога станува збор за трансмисијата. Минатата, седма генерација на Golf, во GTD изданието нудеше избор меѓу мануелен и автоматски менувач. Новата дизелска варијанта на германскиот производител ќе биде премиерно прикажана за нешто повеќе од две недели, на Саемот за автомобили во Женева.