Audi сака да произведе мал, градски електричен автомобил
Германската компанија планира да лансира мал градски автомобил кој ќе почива на MEB Entry платформата за мали електрични автомобили
Audi во своите планови има голем број на електрични автомобили кои сака да ги претстави во следниот период, а меѓу нив ќе се најде и еден мал градски модел кој ќе припаѓа на А сегментот и ќе биде наменет за европскиот пазар. Шефот на меркетинг на производство во германската компанија, Фермин, Сонеира Сантос, потврди дека возилото и понатаму е во фаза на планирање.
„Автомобилот е на нашиот хоризонт, да. Се уште го немаме дизајнирано, но постојат шанси да имаме автомобили на MEB платформата, утре можеби и на MEB Entry платформата, а тука е и e-Tron GT. Имаме толку различни платформи меѓу кои можеме да бираме и да создадеме нешто на основа на нив“, изјави Сантос за малиот, електричен Audi.
Volkswagen групацијата ја најави MEB Entry платформата во 2019 година, како основа за најмалиот иден електричен модел. Овој мал градски автомобил исто така ќе биде и најевтин во електрогамата. Првиот од нив би требало да пристигне во 2023 година, нудејќи минимална автономија од 200 километри по полнење. Повеќекратните опции кога станува збор за батериите ќе бидат достапни за луѓето на кои им е потребен нешто поголем домет.
Audi AI:Me концептот, кој беше претставен во Шангај 2019 година, би можел да биде предвесник на она што компанијата го има во своите планови. Малиот хечбек се одликува со електромотор чии погони на задната осовина обезбедуваат максимални 170 КС. Производителот од Инглоштат не пружа проценка на автономијата, но концептот поседува батерија од 65 kWh.
Сантос не прецизираше каде Audi планира да ги продава малите, градски електрични автомобили, но се очекува тоа да биде европскиот пазар. Со оглед на нивната големина и ограничена автономија, тие не се чинат како добар избор за пазарот во САД, на пример.