BMW PHEV Experience – ИДНИНАТА НА ДЛАНКА
На специјално подготвениот полигон на BMW Driving Academy во близината на Мајзах преку посебна програма, баварскиот гигант ни ги претстави своите изданија од iPerformance одделот, како и i-моделите, каде во преден план беше да ни ги претстават своите врвни технологии на ова поле и динамичките својства
Нашите домаќини преку одредени комбинации на тест-вежби и возење на одредена дестинација се обидоа да ни ја претстават најсовремената технологија на мотори и моќни литиум-јонски батерии. Моделите iPerformance импресионираат со нивниот постојан и исклучително висок вртежен момент и одржливост. Притоа, тие ја комбинираат перспективната мобилност со најголемо задоволство при возењето.
Со BMW iPerformance, автомобилите ја користат технологијата на BMW e-drive развиена од BMW. Благодарение на иновативната комбинација на електричен мотор, литиум-јонска батерија и интелегентно управување со енергијата, релациите со кратки до средни должини можат да бидат чисто електрични.
Електромоторот е иновативен развој на BMW Group и е составен дел на сите модели на BMW со електричен погон. Во зависност од потребите, електричниот мотор исто така се користи за краткорочна функција за зајакнување за особено моќно забрзување – на пример, при претекнување.
Сите автомобили со BMW eDrive технологијата ја повлекуваат енергијата за електрично возење од батерија. Моќната литиум-јонска батерија е комбинирана со систем за ладење кој секогаш одржува оптимална работна температура на батеријата и со тоа ја зголемува моќноста и го продолжува животот. Батеријата може да се полни насекаде каде што има електрична енергија: дури и конвенционален 220-волтен излез за домаќинство е доволен. Максималната ефикасност и моќ, што се секогаш достапни, се клучни за интелигентното управување со енергијата.
Исто така, управуваат со другите технологии на, кои се специјално прилагодени за синхрони мотори. Интелигентното управување со енергијата на тој начин ја оптимизира ефикасноста на електричниот погон и моќната батерија преку обезбедување на предвидлива стратегија за работа. Врз основа на податоците за навигација се предвидува да се пресметаат оптималните делови или ситуации на патот за работа на електричниот погон или за полнење на акумулаторот.
Ова заштедува до 10 проценти од енергијата – овозможувајќи чистата електрична енергија да трае подолго. Со регенерирање на енергијата при кочење, кинетичка енергија ослободена при сопирање или забавување, се складира во моќната литиум-јонска батерија. Таму секогаш е достапно да се зголеми моќта на системот. Во комбинација со ECO PRO режимот, едно притискање на копче е доволно за да се управува сите системи на возилото до максимална ефикасност и интелигентно да се користат енергетски резерви.
Покрај тоа, интелигентното управување со енергија, исто така, ги контролира удобните функции во согласност со потребите на возачот. Освен информации на контролниот екран, возачот добива совети и за особено ефикасен стил на возење со цел да постигне максимален досег.
Сите овие детали ни беа низ практични вежби презентирани на соодветен начин. Така се запознавме со вредностите на сите модели од i Perfomance гамата. На располагање потоа ни беа сите модели до монденскиот Тегерензе, на истоименото езеро, во подножјето на Алпите. Моделот BMW 225xe со eDrive, нуди уникатна во сегментот комбинација меѓу спортски дух, економичност и погодност за секојдневието. Хибридниот модел комбинира BMW EfficientDynamics со удобност, уживање при управувањето и двоен погон, висока флексибилност. Моделот BMW 330e, Plug-in хибридниот погон комбинира ист модерен електричен мотор со мотор со четири цилиндри со внатрешно согорување, а спортска лимузина BMW 530e iPerformance комбинира типична за брендот динамика на управувањето со можноста за електрично возење. При реални услови може да бидат постигнати и различни автономии. Во чист електричен режим, BMW 530e iPerformance може да патува до 50 км. Моделот BMW 740e може да достигне до 140 km/h во електричен режим и опсегот достигнува 40 km. Кај X5 xDrive40e, иако техниката е сложена, идејата и е едноставна – електричниот мотор да биде доволно силен за да може да го задвижи соодветниот автомобил во градски услови и да му обезбеди чиста електрична автономија од 30 километри со брзина од 120 km/h. Plug-in хибриден погон на MINI Cooper S E Countryman ALL4 го комбинира најдоброто од двата света. На познатото место под хаубата е сместен трицилиндерски бензински мотор со технологија TwinPower Turbo. Моќта на електромоторoт се поднесува кон задната оска преку две нивоа. Кај стандардните поставувања AUTO eDRIVE MINI Cooper S E Countryman ALL4 се движи чисто електрично до брзина од 80 km/h цели 40 километри.
Единствениот 100% електричен автомовил во гамата на i-модели e BMW i3. Одговорот на гаста е како молња, проследен со застрашувачка тишина и насмевка на лицето. Ниту еден звук не се слуша и нема потреба од менувач бидејќи е бесконечен. Просечната автономијана BMW i3 е околу 200 km во урбани услови. На пресот беше потенцирано дека новата i3 верзија треба да го промени трендот, нудејќи значително зголемување на километражата со едно полнење. Автономијата на новиот i3 веќе достигнува 300km (NEDC), а тоа се постигнува со поставување на батерија со капацитет од 33 kWh. Тековната e со 22 kWh. На крајот и за ремек делото на Баварците – i8. Структура на каросеријата од CFRP и алуминиум и комбинација меѓу бензински мотор со технологија BMW TwinPower Turbo и BMW eDrive форма на хибриден синхрони електромотор. Комбинацијата на BMW TwinPower Turbo и BMW eDrive технологиите, како и интелегентно управување со енергијата, обезбедуваат системска моќ од 362 КС и максимален вртежен момент од 570 Nm. Во заклучок ќе кажеме дека i8 е уникатен со дизајн, динамиката му е одлична, а стабилноста на свиоци – суперлатив, но како што веќе стана јасно со слични карактеристики импресионираат и некои од М-моделите на марката.
Режимите SPORT, COMFORT со ECO PRO работата на BMW eDrive може да биде адаптирана кон соодветната ситуација и преку прекинувачот на централната конзола. Постојат три режими на возење: AUTO eDRIVE, MAX eDRIVE и SAVE BATTERY. AUTO eDRIVE обезбедува оптимална интеракција помеѓу моторот со внатрешно согорување и електромотори при секакви ситуации на патот и овозможува развивање на чисто електрична максимална брзина. Овој режим е основен и се активира автоматски секој пат кога ќе го стартувате автомобилот. Во режим MAX eDRIVE возилото се движи чисто електрично, ужива целосната моќ на електричниот погон и развива максимална брзина согласно електро-стандардите. Сите тие ги пробавме како реагираат на соодветен начин како на полигонот, така и на отворен пат.
Поучно, едукативно, интересно… Екипата на BMW Driving Academy се обиде да не воведе во PHEV светот и успеа во тоа. Некои од овие модели сме возеле и на одделни презентации, па и кај нас, но ова беше едно навистина поинакво искуство. Питер и Штефан ни ја донесоа „иднината на дланка“!