Aston Martin Q подготви специјална верзија на DBX за Женева
Q одделението на Aston Martin за годинешното издание на Саемот за автомобили во Женева подготви специјално издание на првиот кросовер на компанијата, DBX
Aston Martin DBX за првпат ќе биде презентиран пред јавноста на престојниот Саем за автомобили во Женева во март годинава, а челниците на компанијата се одлучија да прикажат „мрачна верзија“ на моделот, специјално адаптирана од страна на Q одделението на Aston Martin. Во иднина, надворешноста на Aston Martin DBX моделот ќе биде обложена со карбон, па и таа верзија ќе биде достапна за купувачите.
Aston Martin DBX by Q ја прикажува можноста за персонализација на овој модел, што тука меѓу останатото подразбира и Xenon Gray боја, 22-инчни сјајни црни тркала, црни детали, како и централна карбонска конзола. Q на клиентите на Aston Martin за DBX ќе им понуди три пакети. Базичниот е наречен Accessories, вториот е наречен Collection со делови кои се ексклузивни за Q одделението, како и Commision кој ќе содржи делови според специфичните желби на купувачите.
DBX доаѓа со 4,0-литарски twin-turbo V8 AMG мотор кој развива 550 КС и 700 Nm, а доаѓа во комбинација со деветстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Исто така, Aston Martin потврди дека за време на тестирањата на DBX на патеката Нирбургринг без особени напори ја минувал целата должина за помалку од 8 минути. Забрзувањето од нула до „стотка“ изнесува 4,5 секунди, а најголемата брзина е 291 километри на час. Тука треба да се напомене и дека тежината на возилото е 2.245 килограми.
За DBX се предвидени и адаптивен систем на потпирање, LED задни светла, панорамски стаклен покрив, трикрак кожен волан, кожа и алкантара во ентериерот, 12,3-инчна дигитална инструмент табла, 10,25-инчен екран чувствителен на допир за инфозабавниот систем, Apple CarPlay, камера систем од 360 степени…
DBX ќе пристигне и со специјален aero body пакет од Lumma Design
Исто така, треба да се напомене дека и германската тјуник куќа Lumma Design подготви специјален аеро пакет за Aston Martin DBX, кој за купувачите ќе биде достапен од последниот квартал на годинава. Lumma CLR AM е пакет за DBX кој така може да се модифицира aero body пакетот, односно изменети браници, преден спојлер, проширени штитници за кал, сет прагови, заден покривен спојлер, заден дифузор, хауба со отвори за воздух од карбон, jet black покрив, нова маска, сет поголеми тркала, спортски издувен систем, модифицирање на системот за потпирање, како и дотеран ентериер со спортски волан и педали, елементи од карбон влакна, патосници со Lumma лого, и така натаму.
Lumma Design планира ограничена серија од само 20 вакви пакети, а чија цена ќе биде дополнително соопштена.