Напливот на електромобили ќе предизвика криза во некои земји?
Аналитичарите на банката Goldman Sachs го претставија својот извештај кој предвидува какви резултати ќе произлезат од зголеменото производство на електрични автомобили
Во 2030 година се очекува огромни загуби за нафтената индустрија, што ќе биде штетно за буџетот на некои земји.
Експертите на Банката предвидуваат три сценарија, кои се насловени „основен„, „хиперсценарија“ и „2 степени Целзиусови“ (во случај да имаме затоплувањето на климата до 4 степени до 2100 година). Во првиот случај, во 2030 година електричните возила ќе бидат 6,5% од светската флота, во вториот 10%, а во третиот – 15%.
Според студијата, потрошувачката на нафтени продукти ќе го достигне својот врв во 2024 година, поради брзорастечките пазари, предводени од Индија. Потоа, сепак, интересот за горивата ќе почне да паѓа нагло. Истовремено со тоа бројот на електрични ќе расте, а се очекува во 2030 година тие да достигнат 83 милиони. Ова е 40 пати повеќе од 2016 година, кога автомобилите на струја беа 2 милиони. Решавачко влијание за развојот на електричниот транспорт ќе покаже вредноста од батериите. Сега тие чинат околу 220 долари за киловат / час, но за да може електричните да им конкурираат на стандардните автомобили, цената треба да падне до 100 долари. Сценариото, напишано од економистите на Goldman Sachs вели дека во 2020 година еден kWh ќе чини 165 долари. Само за 5 години ќе достигне 110, а во 2030 година ќе биде 75 долари. Во овој случај, ова предвидување е „Хипер сценарио”, така што се можни уште две опции.
Сето ова силно ќе ја погоди нафтената индустрија. Цените на барелот на нафтата ќе продолжува да паѓа и во 2030 година целата индустрија ќе почне да губи 1,3 трилиони долари годишно. Во следните пет години, работата на нафтените рафинерии ќе се намали на 81%, што е профитна маргина на компаниите. Нивната работа под оваа граница е рамна на загуба. Во 2030 година, производителите на нафта ќе изгубат уште 9% од пазарот и нивните приходи ќе почнат да паѓаат за 93 милијарди годишно. Од Goldman Sachs предупредуваат дека на тој начин развојот на електричните ќе удри сериозно врз буџетот на одредени држави, чија економија многу се потпира токму од приходите од нафта.