fbpx

Hyundai официјално го претстави освежениот i30

Меѓу главните новини во рамките на освежувањето на моделот на Hyundai од C сегментот е и тоа што N Line пакетот пристигнува за сите каросериски верзии

Заедно со новата генерација на моделот i20, како и Prophecy концептот, корејскиот производител на автомобили Hyundai за престојниот саем на автомобили во Женева ја подготви и промоцијата а обновениот модел i30. Првите официјални фотографии покажуваат нови предни светла, поширока маска и изменет преден браник, како и помали промени на задниот дел со дотерани светла и браник.

Во Hyundai не сакаа да чекаат, па пред премиерното претставување пред јавноста на Саемот за автомобили во Женева кој стартува следната недела, го открија освеженото издание на моделот i30 кој купувачите ќе можат да го добијат во три различни каросериски варијанти. Тоа се стандардниот i30 хечбек, потоа седан верзијата i30 Fastback и караванскиот i30 SW.

N Line достапен во сите три каросериски изведби

Од корејската компанија нагласуваат дека N Line пакетот со кој пристигнуваат неколку додатоци кои сугерираат спортски модел, i30 N сега ќе може да се добие и во комбинација со практичната караванска серија. Освежениот кандидат на Hyundai во и понатаму популарниот C сегмент од надвор се карактеризира со нов облик на куќиштето на LED светлата, а редизајнирана е и маската на ладилникот.

Новодизајнираните алуминиумски тркала ќе се нудат во пречник од 16 и 18 инчи, а дизајнерите на јужнокорејската компанија се позанимаваа и со задниот браник и куќиштата на задните светла кои сега имаат поинаква графика. Сите каросериски верзии се засилени со три нови бои, а новите комбинации на бои се нудат и во кабината во која најголемата новост е воведувањето на 7-инчната дигитална инструмент табла. Тука секако е и инфозабавниот систем со екран од 10,25 инчи чувствителен на допир, како и можност за конктирање преку Android Auto и Apple CarPlay. Со новиот i30 во опремата пристигнуваат, меѓу останатото се и бројните безбедносни и системи за асистенција на возачот како што е системот за одржување на возилото во сообраќајната лента, предупредување за фронтален судир, систем за детекција на пешаци, и така натаму.

Hyundai i30 со конвенционални и благи хибридни мотори

Во гамата на мотори се 1,5-литарскиот атмосферски бензинец со 110 КС со шестстепен мануелен менувач, потоа 1,0-литарскиот T-GDI трицилиндричен турбо-бензинец со 120 КС кој пристигнува во комбинација со шестстепен мануелец или новоразвиениот седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Во понудата е и истиот 1,0-литарски T-GDI турбо мотор но во комбинација сп 48V благ хибриден систем со нов шестстепен мануелец или седумстепен автоматик со двојна спојка, потоа 1,5-литарскиот T-GDI турбо мотор со 160 КС и 48V благ хибриден систем кој исто така пристигнува со мануелен или автоматски менувач. Тука се и 1,6-литарскиот дизел мотор со 115 КС и 1,6-литарскиот дизел со 48V благиот хибриден систем и 136 КС.

Купувачите кои покрај новиот 1,5-литарски турбо-бензински мотор и помоќниот турбо-дизелски мотор ќе го изберат пакетот N Line ќе можат да сметаат и на нешто покрут систем на потпирање и подиректен управувачки систем, но и поголеми отвори за воздух, сет прагови, заедн дифузор, заден покривен спојлер како и тркала до 18 инчи.

Поврзани вести

Back to top button