fbpx

DS го најави и концептниот SUV Aero Sport Lounge за Женева

Концептниот SUV автомобил на француската компанија DS се напојува со електромотор кој развива 680 КС кој ќе биде претставен на Саемот во Женева

Во француската автомобилска компанија DS Automobiles во која се задолжени за најскапите и најлуксузните модели во рамките на PSA групацијата на престојниот Саем за автомобили во Женева пред публиката премиерно ќе го претстават продукцискиот седан DS 9. Но, само неколку дена по премиерата на луксузниот седан, од DS Automobiles најавија и дека паралелно со овој модел, на еден од изложбените подиуми ќе се најде и атрактивниот концептен купе SUV Aero Sport Lounge со кој DS ќе ја покаже својата идеја кога станува збор за автомобилите кои се напојувани исклучиво на струја.

Фотографиите од луксузниот SUV концепт Aero Sport Lounge на брендот DS се објавени во пресрет на одржувањето на Саемот за автомобили во Женева, каде што овој автомобил ќе биде претставен од 3 март. Дизајниран да го оптимира протокот на воздух, концептниот SUV е долг 5 метри, а го одликува и решетката обликувана да го насочува воздухот настрана и да го проследи на специјално дизајнираните тркала. Останатите истакнати „состојки“ вклучуваат и екран во решетката кој сокрива различни сензори, LED предни светла и осветлување за знакчето DS.

Поставен на 23-инчни тркала, пет метарскиот концептен автомобил на DS зад атрактивната каросерија крие технологија од Formula E. Се напојува со електромотор кој развива 680 КС, што е доволно за забрзувањето од 0 до 100 километри на час да се достигне за 2,8 секунди. Капацитетот на батериите изнесува 110 kWh и се сместени под Aero Sport Lounge, а со едно полнење можат да се минат 650 километри.

Ултрамодерна внатрешност и систем на вештачка интелигенција

Очекувано, внатрешноста очекувано е ултрамодерна и во минималистички стил, со што ќе се следи дизајнерскиот тренд, а ова го потврдија и од самата компанија. DS наведува дека Aero Sport Lounge концептот ќе може да се пофали со одважен пристап. На контролната табла ќе се наоѓаат две дигитални ленти кои ги заменуваат традиционалните екрани. Секој патник ќе има сопствен екран кој ќе ги занимава и забавува при долгите патувања. Наместо конвенционалните ретровизори со огледало, поставени се незабележителни камери, кои можат да се следат на екраните во внатрешноста на кабината.

Автомобилот исто така има систем за вештачка интелигенција по името IRIS, кој ќе му овозможува на возачот преку гласовни команди да управува со автомобилот и да подесува различн иопции и режими на возење.

Поврзани вести

Back to top button