fbpx

Škoda со уште еден тизер за Octavia RS iV пред премиерата (видео)

Škoda објави тизер видео за plug-in хибридната Octavia RS во пресрет на премиерата која ќе се одржи на Саемот за автомобили во Женева

Škoda го навести изгледот на целосно новиот модел Škoda Octavia RS iV кој е подготвен да го отвори следното поглавје во редовите на чешкиот производител. Octavia RS засега веќе е забележана практично без никаква маска, што значи дека премиерата полека се наближува. Чешкиот бренд секако сака да го подигне нивото на адреналин и возбуда пред дебито на Саемот во Женева, а за таа цел го лансираше своето најново и последно тизер видео. Škoda по прв пат ја воведува и iV варијантата, а овој суфикс означува дека станува збор за електрифицирано возило. Škoda навестува како ќе изгледа целосно новиот модел Octavia RS iV. Чешкиот производител објави видео кое го најавува спортскиот карактер на четвртата генерација на овој модел. RS црните детали го нагласуваат динамичниот дизајнерски јазик со елегантни пропорции на најпродаваниот модел на Škoda, чии димензии се зголемени во однос на претходната генерација.

Највпечатливи елементи кај plug-in хибридната верзија на исклучително популарната Octavia RS, кога станува збор за дизајнот се црната решетка од ладилникот и спортскиот преден браник со отвори за воздух и нагласени црни детали. Тука се и големите алуминиумски фелни, дифузори на предната и задната страна и спојлери на задната врата кај лимузинската верзија и на задниот раб на покривот кај Combi верзијата, кои ја нагласуваат динамичноста на Octavia RS iV.

Користејќи го истиот систем како и неодамна претставениот Volkswagen Golf GTE и Cupra Leon PHEV, Škoda Octavia RS iV ќе комбинира 1,4-литарски турбобензинец и електромотор. Plug-in хибридната поставка ќе испорачува 245 КС и 400 Nm, што секако е за почит.

Octavia RS iV во текот на годината ќе пристигне и со помоќни мотори

Octavia RS iV ќе има автономија од 55 километри според WLTP кога ќе вози исклучиво на струја, што е за нијанса помалку од Golf GTE и Cupra Leon PHEV, кои имаат автономија од 60 километри. Škoda не даде објаснување за причината за овој факт, но веројатно тоа е поради поголемата маса, бидејќи Octavia поголема од Golf и Leon. Kaj сите перформансни хибриди е единствената менувачка опција DSG.

RS iV секако нема да биде единствената новина на чешкиот бренд во Женева, бидејќи Škoda ќе ги претстави и пониско позиционираните plug-in хибридни варијанти, кои исто така пристигнуваат во поставка со 1,4-литарски TSI и електромотор, но со помала моќност (204 КС и 350 Nm). Покрај тоа, првото официјално претставување ќе го има и Kamiq Scoutline, како поробусна верзија на малиот кросовер.

Подоцна во текот на оваа година, Octavia RS семејството ќе биде проширено за конвенционално напојуваните модели со познатите 2,0-литарски TSI, односно 2,0-литарски TDI мотори.

 

Поврзани вести

Back to top button