Електричниот камион на Daimler со автономија од 350 km
На салонот за автомобили во Токио беше претставена новата марка за производство на електрични камиони и автобуси Daimler E-Fuso
Компанијата воедно го претстави и својот прв модел, концептот E-Fuso Vision One, „ тешкаш“ со маса од 23 тони. Електричниот концепт на камион од Daimler со едно полнење може да помине 350 километри. Способен е да повлече товар од 11 тони. Производството на камионот Daimler E-Fuso Vision One е план на компаниите Mitsubishi и Daimler, кои одлучија заедно да направат електричен камион комбинирајќи ги сите нивни искуства на ова поле.
Електричните камиони се иднината, посебно во оние градови каде во скора иднина планираат да се забрани сообраќање на возила со мотори со внатрешно согорување. Иако, E-Fuso Vision One има долготрајна батерија, Daimler не откри детали за начините и брзината на полнење. Според нив, зрелите пазари како Јапонија и Европа, може во следните неколку години да имаат подготвена инфраструктура за едно возило како електричен камион.
Daimler E-Fuso Vision One
Заедно со концептниот модел беше претставен и eCanter – сериска верзија на помал 7,5-тонски камион, веќе прикажан во Њујорк. Тешката машина може да патува до 100-120 километри и првите примероци од него се веќе доставени до потрошувачите во Јапонија.