fbpx

Renault официјално го претстави Morphoz концептот

Францускиот производител Renault официјално пред јавноста го покажа својот нов концептен автомобил наречен Morphoz

Morphoz е планиран како урбан семеен автомобил за 2027 година, а со својот модуларен дизајн овозможува возилото да нуди повеќе функции. Позначајно, под концептуалната технологија, Morphoz е на поставен на CMF-EV платформата која ќе биде искористена за првиот електричен кросовер на Renault кој ќе пристигне подоцна оваа година.

Жил Норманд, потпретседателот на Renault истакна дека елементи од дизајнот на Morphoz ќе бидат искористени за престојниот продукциски кросовер и идните модели ќе бидат градени на истата платформа. Адаптивната CMF-EV шасија ги турка тркалата до краевите, со тоа што од Renault истакнуваат дека дизајнот на подните батерии му овозможуваат на Morphoz да биде поставен пониско до земјата. Моделот е дизајниран да може да усвои различни поставувања на мотори и батерии, а придобивките од пакувањата на помалите мотори овозможуваат поголем простор во внатрешноста.

Morphoz

Изгледот на овој концептен автомобил инаку беше откриен уште во јануари кога беше „уловен“ целосно без камуфлажа и тоа за време на снимањето на промотвиниот материјал во Барселона, а потоа беа објавени и фотографии од една интерна презентација на Morphoz. Morphoz претставува футуристички кросовер со впечатливи тркала, сокриени рачки за вратите, таканаречени „самоубиствени“ врати (задните врати се отвораат во спротивна насока во однос на предните), како и футуристички волан со 10,2-инчен екран, камери наместо класични ретровизори, заден покривен спојлер, и така натаму…

Morphoz пристигнува во две верзии

Како и некои претходни студии на францускиот производител, така и Morphoz се одликува со функционален и простран ентериер, електричен погон и систем за автономно возење, во овој случај ниво 3, но и вештачка интелигенција. Renault предвидува две верзии за овој автомобил кои, меѓу другото, се разликуваат и во дизајнот. Првата верзија е City која пристигнува со должина од 440 сантиметри, меѓуосовинско растојание од 273 сантиметри и батерии со капацитет од 40 kWh кои придонесуваат за автономија од 400 километри. Втората верзија е Travel и пристигнува со нешто поголеми димензии – 480 сантиметри должина, меѓуосовинско растојание од 293 сантиметри, но и батерии со повеќе од двојно поголем капацитет од 90 kWh, кои нудат автономија од 900 километри.

Morphoz

Renault во своето соопштение наведува дека Morphoz концептот ја навестува визијата на компанијата околу мобилноста во иднина. Овој автомобил ќе понуди прилагодливост на личните потреби и желби на секој поединец, со што ќе се надминат бројните ограничувања. Исто така, Morphoz концептот навестува за тоа какви нови електрични модели од семејството на Renault ќе бидат претставени во следните неколку години.

Поврзани вести

Back to top button