Mercedes-Benz со официјална премиера за освежената Е Класа
Mercedes-Benz ја претстави детално освежената Е Класа преку Mercedes Me медиа платформата која пристигнува во лимузинска и караванска варијанта
Лимузината и караванот се првите претставници на детално освежената серија на моделот и двата ќе пристигнат во европските салони ова лето. Лимузинската верзија на Е Класа со продолжено меѓуосовинско растојание за кинескиот пазар, како и купе и кабриолет верзиите, ќе следуваат подоцна.
Обновената Е Класа носи низа новости и унапредувања, а тука пред се е подинамичниот дизајн каде се истакнува Avantgarde Line како нова основна спецификација на екстериерот. Редизајнирани се предните фарови каде доаѓаат целосни LED светла како стандард, опционо се достапни и Multibeam LED светла. Исто така, редизајнирани се и задните светла, како и решетката од ладилникот и предниот браник, додека варијантата All Terrain е визуелно послична со SUV возилата.
Во поглед на моторизацијата, најголемиот напредок Е Класата го доби во смисла на електрификацијата. Така, Mercedes-Benz за Е Класата сега нуди дури седум plug-in хибридни модели – лимузина и караван, бензин и дизел, со заден погон и погон на сите четири тркала, а сега електричните модели по прв пат ќе се појават и на пазарот во САД.
Новост е и моторот M 254 со зафатнина од два литри, четирицилиндричен бензински мотор со ISG (Integrated Starter Generator) и вграден електричен систем во моторниот простор од 48 волти со моќност од 200 kW, плус 15 kW, со иновативен сегментен турбополнач со приклучок за доток, електричен дополнителен компресор (eVZ), NANOSLIDE слој во внатрешноста на цилиндерот и CAMTRONIC за контрола на всисувачките вентили.
Исто така, посветено е внимание и на другите верзии, па понудени се дополнителни варијанти на мотори и off-road режими за возење за All-Terrain оделите, а интересна новост е и URBAN GUARD под чие име се крие новата и сеопфатна категорија на производи и опции за интелигентно поврзување на хардверот и дигиталните решенија за заштита од кражби и оштетувања.
Е Класа пристигнува со голем број нови системи за асистенции
Е Класата доби и нова генерација системи за помош во возењето што вклучува и нова генерација за управување со hands-free детекција, Active Distance Assist DISTRONIC систем со подесување на брзината според рутата, Active Stop-and-Go Assist систем, Active Steering Assist, Active Brake Assist во пакетот Driving Assistence сега со функција за маневри при вртењата. Тука се и унапредените системи Active Blind Spot Assist кој сега има предупредување за излезот, како и Parking Package во комбинација со камера од 360 степени со проширен страничен поглед и прв пат со автоматско паркирање не само паралелно и наназад, туку и на одбележани површини.
Обновената Е Класа носи уште поголема удобност во внатрешноста, па тука пристигнуваат два дигитални 10,25-инчни екрани како стандард, а како опција се нуди Widescreen кокпит со два екрани од 12,3 инчи. Тука се и MBUX со LIGNUATRONIC гласовната контрола како дел од стандардната опрема и augmented reality функција.