Porsche го претстави 911 Turbo S во купе и кабрио верзија
Германскиот производител го претстави најмоќниот и најбрзиот Porsche 911 Turbo S досега кој ќе биде достапен во две варијанти
И покрај тоа што Салонот за автомобили во Женева е откажан поради одлуката на швајцарските власти да се забранат сите собири на кои се очекува присуство на над 1.000 лица, производителите на автомобили имаа подготвено план Б за целата ситуација и своите новитети ги претставија преку дигитален пат, а меѓу нив е и Porsche кој го претстави својот нов 911 Turbo S.
Porsche 911 Turbo S пристигнува во купе и кабриолет верзија, а целата презентација ја водеше некогашниот ас од Formula 1 шампионатот, а денеска заштитно лице на германскиот бенд, Марк Вебер. Новиот 911 Turbo S пристигнува со унапреден 3,8-литарски twin-turbo шестцилиндричен мотор. Овој агрегат испорачува огромни 650 КС и 750 Nm максимален вртежен момент, што е значително повеќе во однос на претходниот модел. Силата се пренесува на сите тркала со посредство на осумстепен автоматски менувач.
Благодарение на тоа, новиот адут на Porsche способен е од 0 до 100 километри на час да достигне за само 2,6 секунди, кога станува збор за купе варијантата, додека кабрио верзијата е нешто „побавна“ и за истото и се потребни 2,7 секунди. Сепак, максималната брзина и за двете верзии изнесува 330 километри на час.
Настрана перформансните податоци, вкупната ширина и ширината на трагите на 911 Turbo S се поголеми од претходно со цел да се унапреди динамиката на возење. Исто така, новиот Porsche доби адаптивен воздушен провев на предната страна со цел да се подобри аеродинамиката, додека поголемото задно крило треба да придонесе за поголема моќност од претходно. Треба да се напомене и дека Porsche 911 Turbo S да добие различна големина на тркалата, па така на задниот дел се поставени 20-инчни, додека предниот дел е резервиран за 21-инчни тркала.
Остатокот стандардни карактеристики кои се пренесуваат од претходниот модел се Porsche Dynamic Chassis Control, управување на задната оска и сопирачките со керамички компзити. Ново за оваа генерација е Porsche Active Suspension Management (PASM) спортскиот систем на потпирање и спортскиот издувен систем. Во внатрешноста, новиот 911 Turbo S пристигнува во целосен кожен ентериер и карбон трим со сребрени акценти. Спортските седишта се прилагодливи во 18 насоки, додека PCM екранот пристигнува со големина од 10,9 инчи.
911 Turbo S купе верзијата ќе биде достапна по цена од 216.396 евра, додека почетната цена на 911 Turbo S кабрио верзијата е проценета на 229,962 евра.