fbpx

Викенд тарифа: Канаѓанец направи Ferrari на млазен погон

Рајан Мекквин одлучил со помош на Google и YouTube да се обиде да направи цело возило и тоа на млазен погон, а по 14 години и 100.000 долари доби млазна верзија на Ferrari Enzo

Мекквин истакнал дека благодарение на Google и YouTube му биле најдобрите пријатели при создавањето на автомобилот кој го нарече Insanity. „Ми требаа 14 години за да го направам автомобилот бидејќи постепено морав да ги совладувам вештините кои ми беа потребни во тој процес“, појасни Канаѓанецот.

Резултат од неговата упорна и самоука работа е тоа што Мекквин стана горд конструктор и сопственик на „ѕверка“ на млазен погон со дури 18.000 КС, за кои се заслужни два Rolls-Royce Viper мотори. Овие мотори, конструирани во текот на педесеттите години на минатиот век, користени се во бројни експериментални летала на британското и американското воздухопловство.

Пи обликување на надворешноста на овој несекојдневен автомобили, Мекквин применил посебна техника. Имено, тој се послужил со Ferrari Enzo играчка на далечински управувач кој за почеток ја расклопил на 26 внимателно премерени делови. Потоа со помош на проектор го зголемувал секое парчи и до десет пати со цел по таквиот калап да исече панели од шперплоча, кои пред монтажата ги полнел со екструдиран полиестер.

https://youtu.be/qtepnQdCF4E

Поврзани вести

Back to top button