fbpx

„Летачка“ пешачка патека во Исланд

Оптички илузии не се нешто ново и се користат од страна на уметници од целиот свет со децении

Управата на еден мал град во Исланд, сепак, одлучи да го искористи овој уметнички приод за нешто практично и корисно за општеството.

Пред неколку дена во малото рибарско гратче Исафјордар беше насликана првата во светот тридимензионални пешачка патека, со која властите се надеваат да го забават сообраќајот на една од тесните улици во градот. Со искористување на стандардни за уметниците техники, авторите успеале белите ленти да ги истакнат, создавајќи илузија дека се наоѓаат над асфалтот, што пак од своја страна ги принудува возачите да добијат претстава дека ќе се удрат во преграда. Пешаците се чуствуваат како „лебдат“ на бели блокови во воздухот, минувајќи од едната до другата страна на улицата.

Нестандардната идеја се родила во главата на комесарот за животна средина Ралф Трила, кој видел сличен проект во Њу Делхи, во Индија. Токму таму Трила истражувал креативни идеи за намалување на брзината на автомобилскиот сообраќај, кога налетал на индискиот проект и се поврзал со исландската компанија за патно обележување Vegamálun GÍH, која се согласила да учествува во реализацијата на оптичка илузија.

Експертите експериментирале во текот на неколку недели пред да ја усовршуваат техниката и да насликаат иновативната пешачка патека на асфалтот и дошле до заклучок дека има голем ефект, бидејќи илузијата едноставно се менува според аголот од кој се гледа „зебрата”. Од воздух, белите ленти изгледаат како бетонски блокови, а од нивото на улицата како долгнавести блокови кои „лабдат“ над асфалтот.

„Летачка“ пешачка патека во Исланд

Засега проектот е експериментален, но властите во Исафјордар нагласуваат дека ќе гиследат ефектите од креативна пешачка патека и ако се е во ред, ќе одлучат дали слични “зебрите” ќе се појавуваат и на други места во градот.

Поврзани вести

Back to top button