fbpx

Коронавирусот не е проблем за Саемот во Њујорк

И покрај откажувањето на Салонот во Женева во последен момент поради страв од ширење на коронавирусот, Њујорк го нема тој проблем

Претседателот на автомобилската манифестација во Њујорк вели дека настанот кој е закажан за април не само што се наближува со забрзано темпо, туку ќе нагости и дополнителни модели, додека влезниците ќе се продаваат однапред. „Нашиот план е да одиме напред со шоуто. Во моментов, нашиот план е да ја одржиме манифестацијата, се додека некој не ни каже дека тоа не може да го направиме“, истакна Марк Штајнберг, претседателот на меѓународниот Салон за автомобили во Њујорк.

Почетокот на Салонот во најголемиот американски град е закажан за 10 април и трае до 19 април, додека новинарските денови започнуваат два дена пред официјалното отворање на Салонот и трае два дена.

И покрај тоа што годинава се случија неколку значителни откази кои не се поврзани со коронавирусот, како што се BMW, Mercedes-Benz и Audi кои уште пред неколку месеци соопштија дека планираат да го прескокнат Салонот во Њујорк, Шајнберг вели дека се закажани 18 прес-конференции, што е две повеќе во однос на минатата година. Вкупно би требало да има околу 50 глобални и северноамерикански премиери.

Њујорк со повеќе премиери во однос на минатата година

„Немаме ‘дезертери’ поврзани со коронавирусот. Го зголемивме бројот на премиери, делумно поради случувањата во Женева и појавувањето на нови производи. Индустријата оди напред понатаму, исто како и ние“, изјави Штајнберг.

Меѓу позначајните премиери се оние на Ford Bronco Sport и Volkswagen ID.4. „Volkswagen не извести дека светската премиера на својот електричен модел ќе ја одржи во Њујорк“, додаде тој. Инаку, шоуто ќе се одржи во Jacob Javits центарот кој го води државата Њујорк, нагласи Штајнберг. Тој и организаторите на манифестацијата се во близок контакт со канцеларијата на гувернерот, како и градот Њујорк, поврзано со Салонот за автомобили.

Jacob Javits центарот ја засили дезинфекцијата на просториите, ходниците, кваките на вратите и се останато што допираат посетителите. Компаниите кои ќе ги изложуваат возилата на штандовите, ќе бидат задолжени за нивна редовна дезинфекција. И покрај пријавените случаеви на коронавирус во Њујорк, Штајнберг истакна дека ниту другите настани кои треба да се одржат во Jacob Javits центарот не се откажани.

Поврзани вести

Back to top button