RUF го претстави „каубојскиот“ Rodeo Concept базиран на Porsche 911
RUF со Rodeo Concept ја претстави реинтепретацијата на германскиот рели автомобил Porsche 911 Safari во еден поинаков, „каубојски“ стил
Тјунерот на Porsche, RUF, подготви „оф-роуд“ верзија на класичниот Porsche 911, а целиот проект е наречен Rodeo Concept. Премиерата на ова возило требаше да се одржи на Салонот за автомобили во Женева, но оваа манифестација беше одложена поради страв од ширење на коронавирусот. Но, сепак, неколку дена подоцна, RUF го претстави својот концепт, иако не понуди премногу детали за моторот кој го напојува овој симпатичен автомобил. Сепак, познато е дека овој концепт има погон на сите четири тркала со што се зголемува влечната моќност на возилото. Во преработката се направени модификации на системот за потпирање, со цел да се подигне неговата висина и да се вклопат гумите кои се погодни за возење на сите терени.
Каросеријата е изработена од карбонски влакна, а под неа се наоѓа монокок шасијата од CTR Anniversary кој потсетува на легендарниот CTR Yellowbird. Техничките детали не се соопштени, но се смета дека Rodeo Concept моделот го има истиот мотор како RUF CTR Anniversary кој се напојува со 3,6-литарски битурбо boxer мотор со 710 КС. Од нула до „стотка“ оваа „ѕверка“ забрзува за помалку од 3,5 секунди, а за спринт од 0 до 200 километри на час потребни му се помалку од девет секунди. Максималната брзина на RUF CTR Anniversary е 360 километри на час. Тука е и напредниот систем за контрола на емисијата на штетните гасови од дизел моторот (CTR).
RUF би можел да направи ограничена серија од овој концепт
Безбедноста на патниците е подобрена со поставување на кафез, а тој се наоѓа под тапацирот кој ги прекрива столбовите. Кружните светла за магла монтирани на хаубата јасно посочува дека предната страна од ова возило е направена по угледот на рели автомобилите Porsche 911. Под нив се наоѓа заштитна метална решетка. Покривниот носач нуди дополнителен простор за личните работи и тука се наоѓаат дополнителни LED светла. На задниот дел од возилото се наоѓа мала лопатка која повеќе има стилска, отколку практична функционалност, што секако е интересен детал.
Ентериерот на Ruf е направен тематски и е вистински уникат во светот на автомобилите. Седиштата се направени со мотиви од индијанската уметност. Промотивните фотографии освен возилото прикажува и каубојски чизми со логото Rodeo, што само го дополнуваат целосниот ефект на овој уникат. Иако станува збор за концептно возило, сепак сериското производство на овој модел би можело да биде одржливо, доколку постои интерес.