fbpx

RUF официјално го претстави моделот SCR

RUF ја претстави пред јавноста сериската изведба на SCR која плени со својот ретро дух од шеесетите години на минатиот век

RUF SCR за прв пат, но во концептуално издание, се појави на Меѓународниот Салон за автомобили во Женева во 2018 година, а сега е прикажана сериската варијанта на овој модел, која ќе можат да ја добијат сите заинтересирани купувачи. Многумина на прв поглед ќе помислат дека RUF SCR е базиран на генерацијата 964 на славниот Porsche 911, меѓутоа тоа не е случајот.

Неоспорно е дека двата автомобили наликуваат, меѓутоа она што ја прави разликата кај овој модел на RUF е анфасот на автомобилот кој поседува поинаква решетка и поголеми всисувачи за воздух. Предните светла изгледаат како класичните групи, но додадена е LED лента на задниот дел од возилото. Другите визуелни разлики се суптилни, како што се пошироките браници или изменетиот спојлер.

RUF SCR

Внатрешноста го комплетира ретро изгледот

RUF одлучи да оди спротивно на трендовите со својот SCR, па така за оние на кои им е преку глава од се поголемите екрани во модерните возила, тука воопшто ги нема! Дизајнерите и конструкторите во RUF се одлучија за „олд скул“ пристап и остануваат верни на класичните, аналогни инструменти, што дефинитивно е уникат во денешно време. RUF ја покри речиси целата внатрешност со кафена кожа, а средишниот дел од седиштата имаат карирана ткаенина Но, ретро стилот не треба воопшто да ве залажува, бидејќи RUF SCR е модерна машина. Изграден во најголем дел од карбон влакна, што придонесува за маса од само 1.250 килограми.

RUF SCR

Автомобилот го напојува 4,0-литарскиот атмосферски мотор со шест цилиндри. Овој агрегат е способен да испорача 510 КС и 470 Nm максимален вртежен момент, а според производителот максималната брзина изнесува 320 километри на час! Дека станува збор за пуристички модел говори и фактот дека во понудата е само еден менувач – мануелец со шестстепен пренос.

RUF не ја соопшти цената за овој автомобил, но со оглед на тоа дека ова е редок спортски автомобил не треба да се очекува дека истата ќе биде мала.

Поврзани вести

Back to top button