fbpx

Koenigsegg не сака да прави електрични возила

Основачот и прв човек на шведскиот бренд, Кристијан фон Кенигсег, изјави дека повеќе би сакал неговите автомобили да бидат комплексни, отколку беспотребно да додава маса на возилата

Кенигсег истакна дека нема ништо лично против електричните автомобили, впрочем и самиот поседува Tesla Model S кој како што вели, го користи на секојдневно ниво. Запрашан дали токму Model S бил инспирација за новиот Koenigsegg Gemera, првиот GT модел со четири седишта на компанијата, тој даде негативен договор. „Gemera е проект на кој долго време се работеше и таа идеја е постара од Model S. Она што ме инспирираше на автомобилот од Tesla е моменталната испорака на моќност“, изјави шефот на шведскиот бренд.

Сепак, Кристијан фон Кенигсег додаде дека во овој момент Koenigsegg не е заинтересиран за чист електричен автомобил. „Имаме технологија да го направиме тоа. Имаме инвертери, електромотори, батерии… Но, нема да направиме електричен автомобил. Мојата филозофија е дека малку покомплициран хибриден автомобил со SUS агрегат, но со значително помала маса, сепак е подобар пат“, изјави Кенигсег.

Освен тоа, тој додаде и дека во овој момент нема ниту еколошки причини за неговата компанија да влезе во сферата на електричните модели. „Free valve технологијата, меѓу останатото, овозможува и користење на разни горива, голем дел од нив при согорувањето даваат минимална емисија на штетни гасови“, заклучи основачот на Koenigsegg.

Поврзани вести

Back to top button